Uncategorized
Изреал нареди продлабочување на офанзивата
Израел ќе ја продлабочи офанзивата во јужен Либан, а војската доби наредба да навлеза во длабочина од 30 километри, до реката Литани.
Израел ќе ја продлабочи офанзивата во јужен Либан, а војската доби наредба да навлеза во длабочина од 30 километри, до реката Литани.
Ваква одлука донела израелската Влада на денешната седница, откако 9 министри гласале за, а тројца биле воздржани.
Владата проценува дека за исполнување на наредбата ќе требаат дополнителни воени сили од приближно 30 илјади војници.
Армијата, во меѓувреме, го назначи еден од најискусните генерали Моше Каплински, за главен командант на фронтот, со цел да одговори на критиките во домашната и меѓународната јавност, дека офанзивата ја спроведува лошо.
Одлуката доаѓа во момент, кога во Обединетите нации се водат интензивни разговори за амандманите на француско-американската нацрт резолуција за ставање крај на насилствата.
Арапската лига се обидува во резолуцијата да вметне барање до Израел веднаш да се повлече од територијата на Либан, што е барање и на либанската Влада, која соопшти дека без повлекување на Израел нема да ја поддржува резолуцијата.
Иако, француско-американски претставници на пониско ниво соопштија дека не сакаат големи промени во текстот на резолуцијата, францускиот претседател Жак Ширак изјави дека е неопходна „функционална резолуција“ со цел „да се постигне прекин на насилствата и на илјадниците мртви, на патењето и на разурнувањата“.
Борбените дејства во меѓувреме продолжија со несмалена жестина. Израел извршува преку 150 авио напади во текот на ноќта и денот, предизвикувајќи големи разурнувања и цивилни жртви, кои најчесто ги правда со „напад врз цели каде дејствува Хезболах“.
Бројот на жртвите во израелската офанзива на јужен Либан веќе надмина 1000 лица, претежно цивили.
Израелците од почетокот на непријателствата загубија над 100 лица, претежно војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.