Uncategorized
Американците се помалку купуваат весници, ги читаат на Интернет
Тиражот на американските дневни весници во периодот април–септември 2005 година опаднал за 2,6 проценти, или најмногу во споредба со кој и да е друг шест месечен период од 1991 година, соопшти американското Биро за евиденција на тиражите.
Тиражот на американските дневни весници во периодот април–септември 2005 година опаднал за 2,6 проценти, или најмногу во споредба со кој и да е друг шест месечен период од 1991 година, соопшти американското Биро за евиденција на тиражите.
Според “Њујорк тајмс“, падот на тиражот на американските весници се должи на тоа што читателите, особено младата популација, се повеќе информациите ги бара преку Интернет, користејќи ги и сајтовите на самите весници или, пак, бесплатните изданија.
Во Соединетите Американски држави тиражот на дневните весници достигна максимум во 1984 година, кога беа регистрирани 63,3 милиони претплатници на 1,688 дневни печатени изданија,
Според податоците на Бирото, вкупниот тираж во септември годинава опаднал на 45,3 милиони за 1,457 весници (при што само половината од весниците доставиле податоци до Бирото).
Од 20-те најголеми американски весници само два – New York Times и The Star-Ledger of Newark бележат пораст на тиражот, но и тоа е скромно од 0,4 односно 0,01 процент.
Според потпретседателот за тираж и маркетинг на Американската асоцијација на весници Џон Мјури, наспроти проблемите поврзани со големите загуби и стагнацијата на приходи од реклами, не е се така мрачно, бидејќи многу од читателите започнале да ги користат сајтовите на весниците.
Во текот на септември, интернет изданијата на весниците ги посетиле над 47 милиони луѓе, што е речиси една третина од сите кои во тој месец користеле Интернет. /крај/бгнес/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

