Uncategorized
Русија подготвена да учествува во европскиот противракетен штит
Русија е подготвена да учествува во создавањето на заеднички систем за противракетна одбрана во Европа, не исклучувајќи можност делови од штитот да бидат распоредени на нејзина територија.
Русија е подготвена да учествува во создавањето на заеднички систем за противракетна одбрана во Европа, не исклучувајќи можност делови од штитот да бидат распоредени на нејзина територија.
Ова денеска го изјави висок претставник во руското Министерство за надворешни работи.
„На прво место треба да се анализираат постојните закани. Ако констатираме дека тие се реални, ние сме подготвени да се вклучиме во колективниот систем за противракетна одбрана на европскиот континент заедно со Американците“, рече извор што сакаше да остане анонимен.
Тој додава дека доколку станува збор за закана од Северна Кореја или Иран, заштитата на Европа би била поефикасна од руска територија.
„Некои од нашите партнери не разбираат дека нашата психологија и нашето видување на светот се променети. За Русија нема ништо невозможно, ако однесувањето кон неа е нормално“, нагласи изворот од руското Министерство за надворешни работи.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.