Uncategorized
ТФФ: Нобеловата награда за Ахтисари е скандал

Доделувањето на Нобеловата награда за мир на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари е скандалозно затоа што станува збор за „архитект“ на насилна сецесија на Косово и Метохија од Србија.
Доделувањето на Нобеловата награда за мир на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари е скандалозно затоа што станува збор за „архитект“ на насилна сецесија на Косово и Метохија од Србија.
Ова го оцени шведскиот институт ТФФ, еден од водечките светски институти за мировни студии.
„Изборот на Марти Ахтисари не задоволува ниту еден од критериумите кои се наоѓаат во заветот на Алфред Нобел, а тоа се придонес за пријателство во светот, намалување на војските и создавање мировни конференции“, смета ТФФ.
„Ахтисари упорно функционираше како ’творец на мирот’ за западните политички елити. Тој во 1999 ја убеди српската држава да отстапи по 78 дена бомбардирање што го изврши НАТО, најбруталното случување во Европа од 1945 година, што е спроведено без мандат на Советот за безбедност на Обединетите нации“, се наведува во соопштението од ТФФ.
Институтот наведува дека Ахтисари потоа бил избран за „архитект“ на планот за сецесија на независно Косово, кое по бомбардирањето се отцепи од Србија, „а независно Косово денеска го признаваат само 25 отсто од земјите во светот“.
„Значи, Ахтисари е човек кој со своето посредништво помага за мир постигнат на милитаристички начин и кршење на меѓународното право, а не следејќи го правилото на ОН – до мир по мирен пат“, оцени шведскиот институт.
Според ТФФ станува збор за втора по ред „сканадалозна“ одлука, по минатогодишното доделување на Нобеловата награда на поранешниот американски потпретседател Ал Гор, исто така еден од учесниците во бомбардирањето на Србија, посочува институтот.
Критики за доделувањето на Нобеловата награда за мир на Ахтисари испратија и лидерите на косовските Срби на Косово.
„Марти Ахтисари е последната личност, која по мислењето на Србите од Косово и Метохија, треба да добие Нобелова награда“, сметаат лидерите на косовските Срби.
„Ахтисари е творец на едностран проалбански план за решавање на косовскиот проблем, со кој што ги игнорираше и Србите и интересите на српската држава“, смета претседателот на Српскиот национален совет на северно Косово и Метохија, Милан Ивановиќ.
/крај/та/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.