Uncategorized
УНЕСКО за почитување на културните различности
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/80969cf3-59db-4d61-a351-e9cd01a18c75-1.jpeg)
Принципот на интеркултурен дијалог и почитување на културните различности мора да биде втемелен во развојните стратегии на демократските општества.
Принципот на интеркултурен дијалог и почитување на културните различности мора да биде втемелен во развојните стратегии на демократските општества.
Ова се наведува во пораката од Светската организација за образование, наука и култура (УНЕСКО), по повод 21 мај – Меѓународниот ден на културната различност.
„Одбележувањето на овој ден е добра можност секоја земја, членка на УНЕСКО, да ги промовира принципите на интеркултурен дијалог и културните различности со цел постигнување на социјална кохезија, мир и општествена благосостојба”, се вели во пораката од генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура.
Националните влади се повикуваат да ги вградат принципите на културна различност на начин што одговара на потребите на нивните општества, а од меѓународната заедница да изрази поддршка за интеграција на принципите за дијалог и разбирање во сите развојни стратегии..
„Принципите на културна различност и плурализам мора да се интегрирани на оригинални начини во националните развојни политики, особено оние што се однесуваат кон подобрување на образованието, животната средина, зачувување на светското наследство, медиумите, информатичките технологии и креативните индустрии“, се наведува во пораката од Мацура.
/крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/bugarija-policija.jpg)
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.