Контакт

Свет

Сноуден: Нема да имам фер судење во САД

Објавено пред

Поранешниот вработен во американската Национална безбедносна агенција(НСА) Едвард Сноуден, кој откри дека американските агенции собираат милиони податоци од интернет и телефонските комуникации ширум светот, напиша во понеделник на еден интернет форум дека не би имал фер судење во САД.

dobivaj vesti na viber

„Американската влада веднаш и предвидливо уништи секаква можност за фер судење дома…отворено прогласувајќи ме виновен за предавство…тоа не е правда“, рече Сноуден на интернет страницата на весникот Гардијан.

„Не открив никакви американски операции против легитимни воени цели. Укажав на тоа каде НСА ја хакираше цивилната инфраструктура како што се универзитетите, болниците, приватните компании, бидејќи тоа е опасно“, рече Сноуден.

Тој се крие во Хонг Конг од 20 мај. ФБИ врши истрага, но официјално сè уште не е побарана негова екстрадиција.

Во меѓувреме, еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патино изјави во понеделник во Лондон дека Еквадор би го разгледал барањето на Сноуден за азил кога тој би побарал. Според неговите зборови, еквадорската влада би го проучила тоа барање „одговорно, како што тоа го направиме и со случајот на Асанж“. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.

„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.

Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.

„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Објавено пред

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.

dobivaj vesti na viber

„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.

„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Објавено пред

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.

dobivaj vesti na viber

„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.

На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“

Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.

„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.

Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски: Неформалната коалиција СДСМ-ДУИ излегува со лаги и манипулации небаре граѓаните имаат кратко памтење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот...

Македонија3 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија5 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ6 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија8 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија9 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија9 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет10 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија10 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа13 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет13 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа13 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион13 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет14 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија14 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет1 ден

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија1 ден

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...