Uncategorized
Европол разби мрежа за ширење на детска порнографија
Европол денескаразби меѓународна порнографска мрежа на која се разменувале нарачани видеоснимки на детска порнографија за околу 2.500 муштерии од 19 земји.
Европол денескаразби меѓународна порнографска мрежа на која се разменувале нарачани видеоснимки на детска порнографија за околу 2.500 муштерии од 19 земји.
Полицијатазапленила илјадници компјутери, видео снимки и фотографии во координиранаистрага наречена „Операција Коала“, започната по апсењето на еден Италијанецкој водел веб сајт за продажба на снимки на малолетни девојчиња.
Како што се веливо соопштението на Европол, снимките во главно се правени во Украина, а меѓунив има снимка на татко што сексуално ги злоставува своите две малолетни ќерки,на возраст од девет и 11 години.
Полицијата наснимките објавени на таа мрежа идентификуваше 23 деца на возраст меѓу девет и16 години, а во акцијата соработувале 28 земји.
„Децата на барањена муштериите носеле провокативна долна облека, што понекогаш ја купувале исамите муштерии. Тие барале децата да заземаат пози во текот на снимањето, анекои од муштериите присуствувале на самите снимања“, се наведува восоопштението на Европол.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.