Uncategorized
Најмалку 88 лица загинаа во панична гужва на стадион
Најмалку 88 лица загинаа, а 280 се повредени, изутрината во панична гужва на стадион во Манила, соопштија филипински официјални претставници.
Најмалку 88 лица загинаа, а 280 се повредени, изутрината во панична гужва на стадион во Манила, соопштија филипински официјални претставници.
“Околу 30 илјади лица чекале да влезат во стадионот и да учествуваат во јавното снимање на популарна телевизиска наградна игра кога се случи хаосот“, изјави градоначалникот на Пасига Висенте Еусебио, предградие каде се случила несреќата.
Претседателот на филипинскиот Црвен крст Ричард Гордон изјави дека најмалку 88 лица загинале, а 200 повредени се префрлени во болница.
Според градоначалникот Еусебио, гужвата се случила кога луѓето почнале да се притискаат и туркаат кон влезната врата, мислејќи дека е отворена.
Еден преживеан изјавил дека одделни луѓе станале насилни бидејќи не можеле да влезат на стадион. И полицијата и локалните власти ги отфрлија извештаите дека несреќата ја предизвикала закана со бомба.
Според агенцијата Ројтерс, повеќето загинати се жени, кои биле прегазени во близина на затворените челични врати. Меѓу загинатите е и едно дете, соопштија болнички извори.
Главната награда во популарното телевизиско шоу изнесува 20 илјади пезоси, односно 318 евра.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.