Спорт
Пандев заминува од Лацио
Италијанскиот фудбалски агент Диполито во пресрет на летниот преоден рок излезе со интересна констатација пред медиумите од Апенините поврзана со нашиот фудбалски интернационалец Горан Пандев
„Според информациите кои јас ги имам, тешко е да се каже дека Пандев ќе остане во Лацио и следната сезона. Според мене, екстремно големи се шансите да промени клуб ова лето, тој е одличен фудбалер и нормално е што размислува за преселба со оглед на тоа де за него се заинтересирани многу клубови од европа„. – изјави Виченцо Диполито.За најдобриот македонски репрезентативец Горан Пандев досега сериозен интерес пројавија минхенски Баерн и мадридски Реал, но дали ќе замине пресотанува да видиме.На почетокот од седмицава и тиражниот Газета дело Спорт објави дека управата на „Старата Дама“ во последно време ја разгледува опција да го засили својот напад со напаѓачот на Лацио, Горан Пандев. Весникот вели дека интересот на Јуве за услугите на интернационалецот од Македонија е сериозен и за реализација на ваков трансфер зелено светло дал Клаудио Раниери, а ангажаманот на Пандев дури го „одобрил“ и Марчело Липи. Секако операцијата за ангажам на Пандев нема да биде лесна бидејќи Клаудио Лотито не сака да се откаже од својот бисер. Македонскиот интернационалец има договор со Лацио до 2010 г. и плата од околу 500 илјади евра годишно. Претседателот на Лацио вети дека Пандев ќе добие нов договор според кој ќе заработува околу 1,5 милиони евра и ќе биде со трајност до 2015 г. и се очекува напаѓачот да стави потпис на договорот по крајот на оваа сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

