Спорт
Самуел Ето: Мојата иднина е во Барса

Камерунскиот интернационалец уште еднаш потврди дека не е заинтересиран за заминување од Камп Ноу и вели дека неговата иднина лежи во Барселона
Напаѓачот на каталонците има договор со клубот до 2010 и неколку клубови од Премиер лигата и Серија А пројавија интерес за неговите услуги. Сепак во пресрет на дуелот со Реал Мадрид во сабота, Ето вели деке сака победа на Ел Класико и останување во Барселона.„Мојата иднина лежи во Барселона.”, вели Ето.„Доколку не бев среќен тука, тоа веќе ќе му го кажев на претседателот. Доколку зависеше се од него, тој веќе ќе седнеше со мене на маса и ќе разговаравме за новиот договор. Но поради битката за тројната круна ќе покажам непочитување кон моите колеги доколку сега преговарам за нов договор. Сега не е моментот да се говори за висина на плата или дали ќе останам уште пет или шест години. Кога сезоната ќе заврши и се ќе помине добро, Пеп ќе ми каже дека тој е среќен со мени и дека треба да одам на разговор кај Лапорта. Ето исто така вели дека нема да се задоволи со бод од Ел Класико и вели дека неговиот тим оди на победа. На Бернабе одиме со четири бода предност, но тие се убедени дека ќе не победат и ќе ја намалат разликата на само еден бод. Но подобро да не не отпишуваат. Јас не се задоволувам со нерешен резултат на Бернабе. Победа од 1-0 е минимумот. За нас првенството нема да биде одлучено од резултатот на Бернабе, но за Реал Мадрид и тоа како е одлучувачки исходот од овој натпревар. Доколку победиме ќе им нанесеме силен удар. Сеуште имаме два натпревара на домашен терен и со помошта на фановите тешко дека ќе ја загубиме титулата.”, заврши Ето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.