Uncategorized
Пет судии застрелани од адвокат во турскиот врховен суд

Адвокат во Турција застрелал пет судии, потешко ранувајќи двајца од погодените. Засега не е јасен мотивот за пукањето.
Адвокат во Турција застрелал пет судии, потешко ранувајќи двајца од погодените.
Засега не е јасен мотивот за пукањето, но локалните и светските медиуми нагласуваат дека еден од двајцата потешко ранети судии, е познат по тоа што пред неколку месеци донесе пресуда со која им се забранува на учителките и професорките во Турција да носат шамија на своето работно место.
Адвокатот Аслан Алпаслан во државниот Совет на Турција, највисока административна инстанца во земјата, влегол со пиштол „Глок“, за кој не е јасно како го пренел и го застрелал судијата Мустафа Бирден, кој ја донесе пресудата против шамиите и уште еден друг судија. Овие двајца се потешко ранети а биле погодени и полесно ранети и уште тројца други судии.
Алпаслан упаднал на судско заседание во зградата на Судот и пред да почне да стрела, според едни извори извикал „Алах Акбар“ (Алах е голем), додека според други, „Сите сме ние војници на Алах“.
Полицијата веднаш го уапси Алпаслан, не соопштувајќи притоа детали за настанат.
Претседателот на државата Ахмет Неџед Сезар го осуди нападот и изјави дека ваквите инциденти нема да ја постигнат целта. Тој додаде дека судскиот систем не треба да биде застрашен и оти треба и ќе остане лојален на републиканското и секуларното управување со државата.
Нападот го осуди и Генералштабот на Армијата, една од најмоќните и највлијателните институции во државата.
Лидерот на опозицијата Дениз Бајкал, пак, оцени дека нападот е насочен кон уставниот поредок на Турција, но и кон судскиот систем, со оглед на фактот дека е стрелано во највисокиот суд.
Адвокатот според некои информации е регистриран во асоцијацијата на адвокати од Истанбул а засега не се познати неговите политички определби.
Терористички напади во Турција во последниве години извршуваат припадници на радикални организации на Курдите, на радикални исламисти , но и на радикални левичари.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.