Uncategorized
Редовно пиење зелен чај ја намалува смртноста

Редовно пиење зелен чај ја намалува смртноста во значителна мерка, бидејќи е превенција од широк спектар болести.
Редовно пиење зелен чај ја намалува смртноста во значителна мерка, бидејќи е превенција од широк спектар болести.
Ова, како што пренесува Макфакс, го открија јапонски научници кои со години вршеле истражување кај 40 илјади луѓе.
Според податоците објавени во последниот број на Магазинот на Американската лекарска асоцијација, најспектакуларни резултати биле откриени во употребата на зелениот чај и неговата превенција од кардиоваскуларни болести, при што се дошло до заклучок, дека редовното пиење ја намалува смртноста дури за четвртина, а пиењето пет или повеќе шољи на ден, го зголемува процентот на заштита до 31 насто.
Студијата започнала уште во 1994 од научници на Тохоку универзитетот, чија крајна цел била да се открие ползата од редовно пиење на зелениот чај.
Со испитувањата биле опфатени 40.530 здрави возрасни лица помеѓу 40 и 79 години во североисточна Јапонија, каде што зелениот чај е во широка употреба.
Околу 80 насто од луѓето во тој регион редовно пијат зелен чај, а половината пијат три или повеќе шољи на ден.
За време на испитувањето кое траело над 11 години, од 40.те илјади испитаници умреле 4.209 луѓе од најразлични болести.
Научниците ги споредиле причините за смрт на овие лица, со причините и бројноста на смртните случаи кај лица што пијат помалку од една шоља на ден од зелениот чај, во истиот период од 11 години.
Притоа, се дошло до заклучок, дека општо, смртноста кај лицата што го консумираат редовно чајот, е за 16 отсто помала.
Нема директна поврзаност на пиењето на зелениот чај со намалување на ризикот од заболување од канцерогени болести, но затоа со сигурност е утврдено дека околу 26 отсто од луѓето се спасиле од кардиоваскуларни болести како предизвикувачи на смрт.
Истовремено е откриено, дека благотворните дејства на зелениот чај се поизразени кај жените, отколку кај мажите.
Британски експерти, меѓутоа, изразија сомневање дека ползата е само од чајот. Тие мислат оти малата смртност, особено од кардиоваскуларните болести е поизразена со севкупната јапонска диетална исхрана.
/крај/ббц/тб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.