Uncategorized
Германија бара екстрадиција на агенти на ЦИА за случајот Масри
Обвинителството во Минхен побара екстрадиција од
САД на 13 агенти на ЦИА осомничени за вмешаност во киднапирање на германскиот
државјанин Калед Ел Масри во Македонија.
Обвинителството во Минхен побара екстрадиција од
САД на 13 агенти на ЦИА осомничени за вмешаност во киднапирање на германскиот
државјанин Калед Ел Масри во Македонија.
Претходно,
судот во Минхен донесе одлука за апсење на 13 американски агенти осомничени за
киднапирање на германскиот државјанин од либиско потекло Калед Ел Масри. Тој
тврди дека агенти на ЦИА го киднапирале во Македонија по што го мачеле во
затвор во Авганистан.
Главниот
обвинител на Обвинителството во Минхен Аугуст Штерн изјави дека бара нивна
екстрадиција за да им се суди во Германија.
„Тие
се луѓето за кои ние веруваме дека биле вмешани во злоставувањето на Масри“,
изјави синоќа германскиот обвинител.
Штерн
појасни дека барањето за екстрадиција го поднел до германската Влада за
натамошна постапка до официјален Вашингтон.
Германската
Влада може да го блокира барањето на Обвинителството во Минхен, ако процени
дека тоа е во спротивност со јавниот интерес.
Aналитичарите
коментираат дека таква одлука на Владата може да предизвика гневни реакции во Германија каде што истрагата
за случајот Ел Масри трае 1,5 година.
Германскиот државјанин Калед Ел Масри тврди дека бил уапсен на
31-ви декември 2003-та додека бил на одмор во Македонија, по што авионски бил
префрлен во затвор во Авганистан. Таму, како што тврди, бил пет месеци, чуван
во окови, тепан, држен во самица и дрогиран.
Во мај 2004-та бил ослободен во шума во Албанија.
Надлежната комисија на Собранието на Македонија пред
неколку месеци начелно утврди дека македонските оперативци не ги
прекршиле човековите права при апсењето на Масри.
Германскиот државјанин во мај
годинава беше уапсен во германскиот град Ној Улм поради подметнување
пожар во продавница за техничка стока. По апсењето тој беше однесен на психијатриски прегледи во
локалната болница. Масри тврдеше
пожарот го подметнал затоа што во продавницата одбиле да му вратат
претходно купен апарат за домаќинство.
/крај/р/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

