Контакт

Европа

Туск: Без контрола на надворешните граници Шенген наскоро ќе биде минато

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, предупреди во неделата дека шпенгенскиот простор ќе стане минато доколку не се осигури ефикасен надзор на надворешните граници на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

„Доколку не ги заштитиме подобро нашите надворешни граници, Шенген наскоро ќе стане минато“, предупреди претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на почетокот од самитот на 28-те земји членки на Европската унија и Турција, кој започна во неделата попладне во Брисел, посветен на мигрантската криза.Туск кажа и дека очекува на споменатата средба ќе биде постигнат договор кој ќе помогне во решавањето на мигрантската криза. Челникот на Европскиот совет додаде дека не треба да се биде наивен и дека Турција не единствениот клуч за решавање на кризата. „Нашата најважна одговорност и должност е да се заштитат надворешните граници“, рече Туск.ЕУ и Турција во недела би требало да го потврдат заедничкиот акциски план, кој вклучува помош на ЕУ за Турција за згрижување на сириските бегалци на нејзина територија, а од друга стана предвидува јакнење на соработката меѓу Брисел и Анкатра на спречувањето на илегалните миграции. ЕУ од своја страна, доколку Турција го исполни својот дел од договорот, ветува забрзување на процесот на укинување на визите за турските државјани, 3 милијарди евра помош и заживување на турските пристапни преговори за членство во ЕУ, кои запреа во 2005 година.Турција, пак, од своја страна би требало да го регистрира сите мигранти, да ја зајакне својата крајбрежна стража и да воспостави подобра соработка со Грција и со Бугарија на спречувањето на нелегалните миграции преку копнените граници.Пред почетокот на самитот ЕУ – Турција, се одржа одвоен состанок на челниците на земјите членки, кои во европскиот буџет повеќе уплаќаат отколку што од  него добиваат. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дена не станува збор за состанок на „нето плаќачите, туку земјите кои имаат волја да примат голем број бегалци од Турција по легални канали“.Акцискиот план, кој начелно со Турција го испреговара Европската комисија, предвидува помош од 3 милијарди евра. Дел од 500 милиони евра ќе се осигураат од европскиот буџет, а другите 2,5 милијарди евра ќе ги обезбедат земјите членки. Меѓутоа, засега не е сигурно како ќе се дојде до таа сума.Од нацрт текстот на заедничката изјава која и требала да биде усвоена на крајот од состанокот, произлегува дека земјите членки на ЕУ се повикуваат да дадат свој придонес, што значи дека нема обврски, Покрај тоа, во текстот се поставени многубројни меганизми за обезбедување, кои гарантираат дека помошта може во секој момент да биде прекината доколку Турција не го исполнува својот дел од обврските.ЕК предложи земјите членки да треба да платат сума според единствен критериум, нивниот придонес во европскиот буџет врз основа на бруто националниот доход. Најголемиот дел отпаѓа на Германија – 534 милиони евра. Повеќето земји, пак, немаат уште донесена никаква одлука по ова прашање.  Околу самата сума за помош на Турција постојат уште низа нејасни работи. Дипломатски извори велат дека е можно да се зголеми делот кои оди од европскиот буџет, а да се намали директниот придонес на земјите членки. Германија и другите земјите ткн нето плаќачи, дојдоа идеи да се намалат финансиските средства за оние земји нето примачи кои не сакаат да примат мигранти. Меѓутоа, тоа речиси е неизведливо, бидејќи таквата одлука не може да мине во европските институции зашто тоа би значело тоа да го поддржат и оние земји кои со тоа би биле погодени.Од друга страна, Турција се обидува да доби се’ и што повеќе. Таа на почетокот бараше три милијарди евра годишно. Во секој случај, се чини, во заедничката изјава во недела ќе биде потврдена сумата од ти милијарди евра, но поединостите од тоа како ќе се дојде до овој износ ќе се решаваат подоцна./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет47 минути

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет1 час

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија13 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија13 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија19 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија20 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија20 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија20 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија20 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија21 час

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија23 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија23 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија23 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет1 ден

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 ден

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...