Спорт
Ватерполо: Србија подобра од Италија
Комплетирано е второто коло во Светската лига во ватерполо, чии домаќин е италијанскиот град Фиренца. Во дерби натпреварите Србија ја победи Италија, а Хрватска ја демолира Црна Гора.
Комплетирано е второто коло во Светската лига во ватерполо, чии домаќин е италијанскиот град Фиренца. Во дерби натпреварите Србија ја победи Италија, а Хрватска ја демолира Црна Гора. Србија, актуелниот Светски првак и бранител на титулата во Светската лига, во драматичен меч од А групата, по изведувањето на ударите од пет метри ја победи Италија со 13:12. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 10:10, откако на Италија и бил признат гол постигнат по истекот на времето. Голманот на Србија, Слободан Соро на својата репрезентација и ја донел победата со три одбранети пенали. Во Б групата, Хрватска со високи 11:5 ја победи Црна Гора, за која поради повреди не играат на овој турнир Јановиќ, Злоковиќ и Пасковиќ. Резултати: А група:Србија-Италија 13:12САД-Кина 13:6Табела: Србија 2/0, Италија 1/1, САД, 1/1, Кина 0/2Група Б:Хрватска-Црна Гора 11:5Австралија-Канада 13:8Табела: Хрватска 2/0, Црна Гора 1/1, Австралија 1/1, Канада 0/2Утре во рамките на последното коло ќе играат, во А групата Кина-Италија и Србија-САД, додека во Б групата се среќаваат Канада-Хрватска и Црна Гора-Австралија. Победникот на завршниот турнир во Светската лига ќе обезбеди директен пласман на ОИ во Лондон во 2012 година. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

