Uncategorized
Заврши вториот Фестивал на францускиот филм во Охрид
Со церемонија на свеченото прогласување на победниците и доделувањето на наградите синоќа беше спуштена завесата на второто издание на Фестивалот на францускиот филм што од 28 јуни се одржуваше во Охрид
Во конкуренција на десет играни филмови од најновата француска продукција, стручното жири при изборот за најдобро филмско остварување се определи за филмот „Хамса“ на режисерот Харим Дриди.Дриди по врачувањето на гран при наградата истакна дека признанието го враќа година наназад, во времето кога го реализирал делото, работејќи со група сиромашни млади актери.”Среќен сум што работам со млади актери, сиромашни, но полни со елан за живот. Нивниот живот многу нема да се промени по ова, но мене ме одбележаа за цел живот”, рече лауреатот Дриди.Наградата за најдобро сценарио ја понесе филмот „Добредојде“ на Филип Лиоре, а наградата за најдобар актер ја поделија Синет Аверлин и Вансан Линдон, толкувачите на водечките ролји во истиот филм.Јоланда Моро, главната актерка во филмот „Серафин“ ја доби „Златната маска“ за најдобра женска улога, додека младиот македонски режисер Ѓорѓе Ставрески за филмот „На изгрејсонце“ ја понесе наградата најдобар во категоријата краткометражно филмско остварување.Годинава првпат награда додели и публиката, која за најдобар го избра филмот за деца „Децата од Тимпелбак“ на режисерот Никола Бари, кој радоста по повод наградата ја сподели со присутните во салата јавувајќи се по телефон од Париз.Сепак, главната ѕвезда на церемонијата на свеченото затворање на фестивалот беше француската пејачка и актерска икона, шансониерот Шарл Азнавур, кому му беше врачена наградата „Златна маска“ за животно дело.Азнавур не ја криеше одушевеноста од Охрид, Македонија и езерото, за кое рече дека нема никогаш да го заборави. Со возбуда и ракоплескаше на пејачката Тања Царовска која во негова чест исполни една негова песна, но и народната „Јовано, Јованке“, за која рече дека го потсетува на „неговото минато, корените, родниот крај…“Вечерта беше заокружена со проекцијата на филмот „Такси за Тобрук“ на режисерот Дени де ла Пателие од 1960 г., во кој главната улога ја толкува токму лауреатот Шарл Азнавур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

