Uncategorized
Ирска разгледува втор референдум за Лисабонскиот договор
Ирската Влада сеочекува да попушти пред француско – германскиот притисок и да распише вторреферендум за Лисабонскиот договор, пишува неделникот „Тајмс“.
Ирската Влада сеочекува да попушти пред француско – германскиот притисок и да распише вторреферендум за Лисабонскиот договор, пишува неделникот „Тајмс“.
Според истиот извор, планот заповторување на неуспешниот референдум веќе бил разгледуван од некои министри воДаблин.
Тие биле убедени дека можат дауспеат да го спасат Лисабонскиот договор, ако обезбедат отстапки од Европа сокои би им се удоволило на бараната на ирските граѓани.
„Успешен референдум може да бидедобиен од ирскиот народ, ако му бидат предложени гаранции за проблемите какошто се одбраната и даноците. Кампањата против Договорот ќе биде неутрализиранапоединечно. Се има своја цена“, изјави висок претставник на ирската влада, којпобара да остане анонимен.
Терминот за втор референдум,најверојатно, ќе биде идната пролет, така што Лисабонскиот договор би можел да стапина сила пред кампањата за изборите за Европскиот парламент, во јуни 2009година.
Датумот, како што наведува „Тајмс“добил поддршка од францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларкаАнгела Меркел.
Клучните отстапки кои најверојатноќе ги побара Ирска вклучуваат гаранции за заштита на неутралноста, во случај дабидат формирани европски вооружени сили, како и правото на национални закони заабортусот.
/крај/бгнес/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.