Црна хроника
Бугарска државјaнка фатена при шверц на хероин

Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека реализираше случај на недозволена трговија со хероин, при што запленети се 203,42 гр. хероин, наменет за нарко пазарот во западноевропските земји, а од слобода е лишена бугарска државјанка.
Во средата околу 18.00 часот на излез од Македонија на ГП Табановце, се пријавило лицето С.П.С.(1976) од Благоевград, Бугарија и истата со себе носела патна торба.
При рутинска контрола од страна на граничните полициски службеници во соработка со царинските службеници на ПС за ГП Табановце преземени се оперативно тактички мерки за селектирање на патници за дополнителна проверка и контрола, при што бугарската државјанка била издвоена.
При извршениот преглед во нејзината патна торба пронајдени и одземени се две полиетиленски пакувања исполнети со прашкаста материја со вкупна тежина од околу 200 грама.
Одземената прашкаста материја беше предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, и по извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога – хероин со вкупна тежина од 203,42 грама.
По целосно расчистување и документирање на случајот од страна на МВР на Р.Македонија до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава против лицето С.П.С.(1976) од Благоевград, Бугарија, дека го сторила кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.