Спорт
Избрани репрезентативците во карате за ЕП во Швајцарија

Во неделата во Скопје се одржа изборниот турнир организиран од страна на Карате федерацијата на Македонија, за избор на репрезентативци кој ќе ја преставуваат државата на престојното Европско првенство кое треба да се одржи во Цирх, Швајцарија од 6 до 8 мај годинава
Првенството изобилуваше со многу квалитетни борби, беше демонстрирано врвно и модерно карате но мора да се каже дека искусните репрезентативци не дозволија да има некое поголемо изненадување и уште еднаш ја покажаа својата голема форма и доминација над останатите спортисти.Кај жените во дисциплината борби најдобро се престави нашата најдобра каратистка на сите времиња и спортистка на Македонија за 2009/10 г. Наташа Илиевска, таа делуваше како вистинска шампионка и професионална спортистка, едноставно нејзините напади секогаш како по некое правило завршуваа во противниците и се ефектуираа со поени, таа сите свој конкурентки ги порази со максимален број на поени и извојува четири победи и постави уште еден рекорд имено таа освои 28 поени а при тоа не загуби ни еден поен.Кај мажите во категоријата + 84 кг, секако дека најдобро се престави нашиот моментално најдобар каратист Жарко Арсовски, тој исто така не дозволи да има некое изненадување, во финалната борба повторно го порази веќе по втор пат за само еден месец, извонредниот каратист од редовите на Металурзите Мартин Несторовски и уште еднаш покажа дека во моментов е неприкосновен и најдобро подготвен спортист.Најнеизвесен натпревар беше во категоријата на – 84 кг, во која се сретнаа Огнен Груевски и Сашко Арсовски двајца медалисти и спортисти од Светска категорија на македонскиот спорт, по изедначена борба сепак судиите победата му ја доделија на поискусниот Сашко Арсовски од Штип.Најголемо изненадување, пак, направи Богдан Мицов од Макпетрол тој сите свој конкуренти, пет најдобри каратисти во таа категорија ги порази и успеа да влезе во репрезентацијата.Во останатите категории немаше некое поголемо изненадување односно се си остана онака како што беше и на неодамна одржаното државно првенство, државните шампиони повторно победија и го потврдија своето учество за Европското првенство во Швајцарија.Во Швајцарија ќе не преставуваат: Ико Ташев во -60 кг(Металург).Дејан Ристевски во -67 кг (Металург), Богдан Мицов во -75 кг( Макпетрол), Сашко и Жарко Арсовски во -84 односно +84 кг.од (Штип и Макпетрол)Кај жените Мери Ефремова во -50 кг (Македонка), Наташа Илиевска -55 кг.Наташа Стефановска -61кг, Моника Стефановска-67 кг(сите од Макпетрол) и Дренуше Мерко во + 67 кг.од (Струга)Во дисциплината кати Марко Секуловски (Металург) кај мажите а Верица Трајковска (Ронин) во женска конкуренција се најуспешни.Во ката тимовите повторно Металурзите се најдобри кај мажите додека кај жените тоа е екипата на Ронин од Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мначестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гвардиола ги откри своите омилени играчи во НБА: Дончиќ и уште двајца
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.
Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.
На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.
Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите моментални омилени играчи во НБА.
„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ливерпул тргнува по потписот на Гуеи

Натпреварот меѓу шампионот и освојувачот на ФА купот, традиционално ја отвора сезоната во англиската Премиер лига. За трофејот во Суперкупот ќе се борат Ливерпул и Кристал Палас.
Во пресрет на натпреварот, англиските медиуми тврдат дека челниците на Ливерпул ќе се обидат да го реалиизраат трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи.
Челзи се откажа од потписот на Гуеи, па сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец.
Арне Слот го окарактеризира како цел со цел да ја зајакне конкуренцијата во последната линија, играчот е подготвен да оди на „Енфилд“ бидејќи влезе во последната година од договорот.
Затоа се очекува дека помеѓу 30.000.000 и 40.000.000 да биде доволна за реализација на трансфарот.
Ова лето, Ливерпул веќе ги донесе: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Пеци, а на тимот му се придружи и Георги Мамардашвили, кој ја помина минатата сезона на позајмица во Валенсија.
Фото/ Принтскрин