Контакт

Спорт

Исинбаева се врати на атлетиката и на стариот тренер

Објавено пред

Двократната олимписка, петкратна светска шампионка и актуелна светска рекордерка во скок со стап Елена Исинбаева после една година пауза се враќа на атлетските борилишта.

Двократната олимписка, петкратна светска шампионка и актуелна светска рекордерка во скок со стап Елена Исинбаева после една година пауза се враќа на атлетските борилишта.Исинбаева (28 г.) во 2005 година го напушти тренерот Евгениј Трофимов и започна да работи со тренерот на Сергеј Бубка, Виталиј Петров. Во следните 4 години постигнуваше успеси, но од 2009 година остануваше без медали на големите атлетски натпревари. По СП во сала во Доха 2010 година, Исинбаева се повлече, и сега после една година апстиненција се враќа на атлетските патеки. Овој пат доверба му даде на првиот тренер Трофимов. Елена ги држи светските рекорди во скок со стап 5,06 метри на отворено и  5,00 метри во сала, поставени во 2009 година.крај/хина/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јокиќ, Дончиќ, Богдановиќ, Вучевиќ – Балканска доминација во НБА лигата

Објавено пред

Играчите од прсоторите на поранешна Југославија блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Никола Јокиќ, Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ ја минаа границата од 30 поени, додека на Никола Вучевиќ му недостигаше еден поен за да дојде до оваа бројка. Јокиќ и Дончиќ беа на асистенција до трипл-дабл учинок.

Далас Маверикс славеа во дуелот со Орландо Меџик 130:124. Дончиќ го предводеше Далас со 33 поени, 10 скока и девет асистенции, Кристапс Прозингис забележа дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, а Џејлен Браун уфрли 24 поени.

Вучевиќ во редовите на Орландо блескаше со 29 поени, 15 скокови и осум асистенции, Евен Фурније реализираше 26 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс забележаа победа во дуелот со најдобриот тим во НБА, Јута Џез. Пеликанс славеа со 129:124. До победата ги предводеа Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон со по 26 поени. Најдобар кај Јута беше Бојан Богдановиќ со 31 поен. За Јута ова беше осмиот пораз во сезоната.



Денвер Нагетс, во Чикаго ги победија Булси со 118:112. Јокиќ го предводеше Денвер со 39 поени, 14 скокови и девет асистенции. Српскиот центар помош доби од Џамал Мареј (24 поени) и Мајкл Портер (17 поени, 15 скокови).

Прикажи повеќе...

Спорт

Винисиус ги спаси „кралевите“ од домашен пораз од Сосиедад

Објавено пред

Наместо со победа да се доближат на само три поени до градските ривали Атлетико Мадрид пред големото дерби во недела, Реал Мадрид се намачи да стигне до 1:1 домашно реми со Реал Сосиедад во меч кој може да има многу големо значење во борбата за шпанската титула.

Тимот на Зинедин Зидан влезе во дуелот со баскискиот клуб со низа од четири победи, кои иако не беа многу убедливи, ги држеа во трка со Атлетико, заедно со Барселона веднаш пред нив. Со загубените поени, притисокот на тимот за победа во дербито на „Ванда Метрополитано“ ќе биде огромно за Зидан и Реал.

Порту во 55. минута ги донесе гостите во водство, а нападот на „кралевите“ не функционираше се до 89. минута, кога Жуниор Винисиус, кој влезе како замена не постигна гол, негов прв по 25 меча за Реал.

Реал сега се на третото место на табелата со 53 поени, зад Барселона со ист број на поени, но подобра гол разлика, и Атлетико на 58, и тоа со натпревар помалку. Сосиедад се петти со 42 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Федерер не игра во Мајами, загуби 1.000 АТП поени

Објавено пред

Четирикратниот шампион од Мастерсот во Мајами, Роџер Федерер нема да ја брани титулата од 24 март, што значи дека ќе загуби 1.000 АТП поени, но останува на добар пат да го направи долгоочекуваниот камбек на тениските турнири во Доха.

Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули нема играно од Австралија опен минатата година, по две операции на коленото во февруари и мај, за најдолга пауза во неговата кариера. Тој се врати на тренинзи во октомври.

Останува неизвесно дали ќе игра во Дубаи неделата пред Доха, но планот е да го прескокне остатокот од американската пролетна сезона. Федерер во моментов е петти на АТП листата со 6.630 поени, зад Новак Ѓоковиќ (12.030), Рафаел Надал (9.850), Данил Медведев (9.735) и Доминик Тим (9.125)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Експертите на СЗО против употребата на лекот хидроксихлорокин

Лекот хидроксихлорокин, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Регион51 минута

Србија денеска ќе ѝ донира 100.000 дози вакцини на Босна и Херцеговина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија...

Свет57 минути

Шок бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активираше шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет12 часа

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет13 часа

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа15 часа

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет16 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија18 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија19 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија20 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион21 час

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија22 часа

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа23 часа

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет23 часа

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ24 часа

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија1 ден

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет1 ден

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион2 дена

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Македонија2 дена

Пратеник направил скандал на Блаце: „Никаде не чекам ред, нема ни тука да чекам“

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата на Албанците, на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце. Тој бил со...

Досие