Uncategorized
Венецуела ги обвини САД за шверц
Венецуела ги обвини денеска Соединетите Американски Држави за шверц.
Венецуела ги обвини денеска Соединетите Американски Држави за шверц.
Министерот за внатршни работи на Венецуела Џеси Чакон изјави дек САД шверцуваат стока во Венецуела и ја кршат Виенската конвенција од 1961 година за статусот на дипломатските претставништва.
Според Чакон, Венецуелските власти во минатиот четврток задржале 2 контејнера кои биле истоварени на меѓународниот аеродром во Каракас и требало да бидат упатени во американската амбасада.
По проверката и покрај проитивењето на Американците, било утврдено дека тие немаат статус на дипломаткса пратка.
Тој уште додаде дека по проверката на 20 други пратки, било констатирано дека дури 16 немале дипломатски режим, а за еден, кој веќе се наоѓал во американската амбасада, констатирале дека бил со адреса – Воено воздухопловство на Венецуела.
Во тој товар објаснува министерот, имало декларирано делови за авионски мотори, како и делови за авинско оружје како што се детонатори и други запалки за експлозиви.
Проблемот е што Вопздухопловството на Венецуела не купувало и не порачувало во САД такви делови и ние практично не знаеме за кого е всушност наменет товарот, изјави венецуелакиот министер.
Вашингтон на вкавите обвинувања кратко одговори дека Венецуела ги крши меѓународните правила и побара официјално толкување од Каракас.
/крај/риа/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.