Свет
Постапивме законски во "случајот Фершпед"
Зоја Лега-Станоевска, јавен правобранител, за прозивките од Антикорупциската комисија
Зоја Лега-Станоевска, јавен правобранител, за прозивките од Антикорупциската комисија
Не чувствувам никаква одговорност, затоа што и во овој случај, како и во сите други, постапувавме совесно и професионално
Гордана Дувњак
Госпоѓо Лега-Станоевска, Антикорупциската комисија завчера јавно Ве прозва за "случајот Фершпед" и Ве обвини дека свесно го забошотувате овој случај. Дали е точно дека повеќе од три години непотребно сте ја одложувале постапката?
– Одговорно тврдам дека Јавното правобранителство постапувало во согласност со своите законски овластувања и во однос на овој случај и за другите. За нас "случајот Фершпед" има ист третман како и сите други кон кои се посветуваме со сето наше должно внимание. Но, сакам да потенцирам дека во конкретниот предмет немало никакво одолжување на постапката, ниту свесно, ниту несвесно. Во текот на 2005 година, Јавното правобранителство постапуваше по околу 47.000 предмети, меѓу кои има и за многу други фирми кои се приватизирани по сличен модел.
Зошто е земен предвид само последниот извештај на Управата за јавни приходи, а не и претходните два извештаја во кои, наводно, се утврдени голем број неправилности во начинот на приватизирање на "Фершпед"?
– Во почетокот сакам да појаснам дека не постојат никакви три извештаи. Земен е предвид само извештајот на УЈП од декември 2005 година, бидејќи само тој е поднесен од овластен предлагач. Законот јасно пропишува кој може да побара контрола на законитоста на процесот на трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал: јавниот правобранител, јавниот обвинител, инспекциските служби и Агенцијата за приватизација. Барањето за контрола, кое се спомнува од јули 2002 година, е поднесено од неовластен орган (МВР).
Дали има големи отстапувања во последните два извештаја?
– Јавното правобранителство ја ценеше содржината само на последниот извештај бидејќи, како што веќе спомнав, претходниот беше поднесен од неовластен предлагач.
Кога првпат "случајот Фершпед" го документиравте како посебен случај?
– Предметот датира од август 2002 година, а јас функцијата ја презедов на 1 јануари 2003 година. Со решение на Владата од 27 август 2002 година, решението на Комисијата за приватизација на Владата на РМ од 24.1.1995 година е прогласено за ништавно со кое е дадена согласност за доприватизација на АД "Фершпед" според моделот продажба на претпријатие на лица кои го преземаат управувањето. Водена е управна постапка пред Врховниот суд во која е поднесено решение за поништување на владината одлука.
Дали е точно дека лицата што го презеле управувањето на "Фершпед" ги немале откупено законски потребните над 10 отсто од проценетата вредност на капиталот, туку само 3,66 отсто?
– Тоа е точно. Агенцијата за приватизација, како овластена институција, на 23 август 2004 година му наложи на "Фершпед" да ги отстрани констатираните пропусти. АД "Фершпед" постапило според решението и ги отстранило неправилностите, по што продолжила постапката за доприватизација.
Антикорупционерите забележуваат и околу тоа дека 51 отсто од капиталот на "Фершпед" бил на Јавното претпријатие "Македонски железници", кој не можел да биде предмет на приватизација
– Ваквата констатација на Антикорупциската комисија не произлегува од извештајот на УЈП.
Сепак, и покрај завршувањето на процесот на доприватизација во ова претпријатие, Антикорупциската комисија меѓу првите случаи го отвори токму "случајот Фершпед", со иницијатива до Вас за поведување постапка пред надлежниот суд за поништување на приватизацијата?
– По поднесената иницијатива, ние како институција побаравме од УЈП да изврши контрола на законитоста на спроведената постапка во "Фершпед".Од добиениот извештај се гледа дека нема оштетување на општествениот капитал, затоа што не постои оправдано сомневање дека во постапката се направени битни повреди на законот.
Дали тоа значи дека за Вас овој случај е затворен?
– Со допис ја известивме Антикорупциската комисија за заклучоците од извршената контрола. Во оваа фаза на постапката, за нас овој предмет е завршен.
Дали чувствувате некаква одговорност за она што Ве обвинува Антикорупциската комисија?
– Не чувствувам никаква одговорност затоа што и во овој случај како и во сите други постапувавме совесно и професионално и во согласност со законските овластувања. Оцените на антикорупционерите се нивно субјективно мислење.
Постојано Ве поврзуваат како некаков дел од постоењето на некакво "влашко лоби" што треба да биде главниот аргумент за објаснување на некои случаи?
– Под нивото на моето лично и професионално достоинство ми е да коментирам вакви тврдења.
Какви се Вашите релации со господинот Штерјо Наков и дали некогаш сте имале политички или друг вид притисоци за да постапите на одреден начин?
– Господинот Наков не го познавам лично. Не сум имала никакви притисоци ниту од него, ниту од кој било друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

