Црна хроника
Во Стар Дојран прегазен старец
Еден старец од Гевгелија загина откако бил удрен со автомобил, во саботата попладне, во Стар Дојран.
Еден старец од Гевгелија загина откако бил удрен со автомобил, во саботата попладне, во Стар Дојран.
Имено, како што соопшти полицијата, во саботата околу 14 часот во близина на населба Карач во Стар Дојран се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Опел Корса“ со светиниколски регистарски ознаки, а управуван од Д.С. (25) удрил во пешакот Ристо Б.(77) од Гевгелија.
Од незгодата, старецот се здобил со повреди и бил пренесен во ЈЗУ-Гевгелија, а потоа и во ГОБ „8-ми Септември“ каде им подлегнал на повредите.
Полицијата излегла на местото на настанот, извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
Извор: Архива Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Подигнал пари од банка со полномошно од сметка на починато лице, поднесена кривична пријава
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Х.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, од девизна сметка на починато лице, на кое бил полномошник, во два наврати извадил парични средства во вредност од 18.550 американски долари и 11.750 евра и покрај тоа што знаел дека со смртта е прекинато и полномошното.
Црна хроника
18-годишна скопјанка нападната во влез од зграда, маж ја допирал по телото
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва
Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.