Uncategorized
2006 година „најсмртоносна“ за новинарите
Најсмртоносната година за новинарите од кога се води таквата статистика е 2006 година, во која што се убиени 94 новинари ширум светот.
Најсмртоносната година за новинарите од кога се води таквата статистика е 2006 година, во која што се убиени 94 новинари ширум светот.
Ова се наведува во најновиот извештај објавен од новинарската организација „Presse Embleme Campagne“ (PEC) со седиште во Женева, при што се објаснува, дека 94-те новинари биле убиени во зоните на конфликти или во текот на внатрешните конфликти во матичните држави.
Според податоците изнесени од PEC, како најопасна земја за новинарите се покажала Ирак, каде загинаа 48 новинари, или двојно повеќе, споредено со минатата година.
Од Втората Светска Војна, Ирак претставува најопасната зона на судири за новинарите, а од инвазијата на Ирак во пролетта 2003 година, во таа земја загинале вкупно 108 новинари.
Според статистиката, Мексико е втората земја на „смртоносната листа“ со осум убиени новинари во текот на 2006 година, а по Мексико следат Русија, Шри Ланка и Филипини, каде загинале по четворица новинари, додека во Пакистан и Колумбија животот го загубиле тројца новинари.
Минатата година во Кина, Индија, Ангола и Либан биле убиени по двајца новинари, а во Венецуела, Сомалија, Конго, Судан и Бразил загинал по еден новинар.
„Минатата година животот го загубиле 68 новинари, а како причина за смртта на поголем дел од жртвите не се сметаат државните елементи, туку бунтовничките и паравоените организации, криминалните мрежи или паралелните безбедносни сили, каков што е случајот со Русија“, се наведува во извештајот на PEC.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.