Uncategorized
Обединување на Руската православна црква
Руската православна црква во странство усвои декларација во која се наведува дека ќе го прифати московскиот патријарх како свој поглавар, по околу 80 години разединување со матицата.
Руската православна црква во странство усвои декларација во која се наведува дека ќе го прифати московскиот патријарх како свој поглавар, по околу 80 години разединување со матицата.
На четвртиот Совет на дијаспората во Сан Франциско, 135 делегати и највисоки црковни претставници, усвоија препорака со која се повикува на духовно единство со московската Патријаршија, но и на административна автономија, изјавија црковни претставници.
“Ние, како црква, мора ова да го направиме за да бидеме поврзани со масата верници во Русија“, изјави архиепископот Марк, кој ги водеше преговорите со Москва. “Можеме да и помогнеме на црквата во Москва да тргне по својот пат“, додава тој.
Дванаесет бискупи ќе се состанат наредната недела за да се договорат за конечно помирување со Русија по комунистичката револуција во оваа држава во 1917 година. Инаку, првиот Совет на дијаспората е одржан во 1920 година.
Црквата во прогонство, за време на советскиот период, ја сметаше московската Патријаршија за орудие на државата и на тајната полиција. Некои официјални претставници и натаму се сомничави кон патријархот Алексеј Втори и тврдат дека тој имал врски со тајната полиција.
Тој, пак, од своја страна, изрази надеж дека Самитот во Сан Франциско конечно ќе го реши осумдеценискиот раскол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.