Uncategorized
Вонбрачниот син на Нијазов најверојатно нов претседател на Туркменистан
Вонбрачниот
син на починатиот претседател на Туркменистан, Сапармурат Нијазов-Тукменбаши,
најверојатно ќе го наследи својот татко на функцијата претседател на државата.
Вонбрачниот
син на починатиот претседател на Туркменистан, Сапармурат Нијазов-Тукменбаши,
најверојатно ќе го наследи својот татко на функцијата претседател на државата.
Изборите
за наследник на Нијазов најавени се за 11 февруари, а Народното собрание
потврди дека има пет кандидати.
Двајца
од нив се сметаат за сериозни, а останатите тројца само формално пополнуваат
место, оценуваат светските медиуми.
Вицепремиерот
Гурбангули Бердимухамедов, кој беше на чело на одборот за погреб на диктаторот
Нијазов, што се оценува за знак за успех на престојните избори, се издвојува
како најсериозен кандидат за туркменистанскиот трон.
Покрај
останатите предности кои Бердимухамедов ги има над останатите кандидати,
деновиве е откриен и неговиот главен адут, а тоа е дека тој е вонбрачен син на
Нијазов.
Втор
сериозен кандидат за иден претседател на државата се издвојува шефот на личната
гарда на починатиот Нијазов, Акмурад Реџепов.
Дел
од опозицијата, кој се наоѓа во егзил, најави вклучување во претседателските
избори, но властите веќе презедоа одредени мерки со цел да спречат некое
непријатно изненадување.
Границата
со соседен Узбекистан веќе е целосно затворена, а издадена е наредбата до сите
конзулати на Туркменистан во светот да не издаваат визи за влез во земјата.
Светските
весници пишуваат дека ништо не се препушта на случајот, уапсени се 140
припадници на полицијата, по што Министерот за внатрешни работи ја повлекол својата
кандидатура.
Дисидентот
Нурберди Нурмамадов, кој ја истакна својата кандидатура, утрината исчезнал,
откако претходно излегол до најблиската трафика да купи весник.
Худајберти
Оразов, беше повнимателен од Нурмамадов и својата кандидатура ја најави од
Шведска, но Народниот совет се уште ја нема потврдено кандидатурата.
Неодамна починатиот Нијазов, кој беше избран за доживотен претседател на
Турменистан, 21 година со цврста тупаница владееше со земјата.
/крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

