Uncategorized
Насилни протести во Данска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/a356876f-d6b6-4489-9adf-5fb440bb592d.jpeg)
Едно училиште во Копенхаген гореше, а беа запалени и повеќе автомобили и контејнери во неколку дански градови во текот на изминатата ноќ.
Едно училиште во Копенхаген гореше, а беа запалени и повеќе автомобили и контејнери во неколку дански градови во текот на изминатата ноќ.
Ова изутрината го соопшти данската полиција, обвинувајќи ги за нередите младите имигранти во земјата.
Немирите во повеќе градови во Данска траат петта ноќ по ред, а започнаа минатата недела во квартот Ноеребро во Копенхаген, населен претежно со имигрантска популација.
Според гласилата ноќеска биле уапсени шест учесници во нередите, а претходната ноќ биле приведени 17 лица.
Главен мотив на нередите е бесот на младите луѓе, поради наводното полициско малтретирање, рече претставник на владата, додавајќи дека во позадина лежи реакцијата на повторното објавување на карикатурата на пророкот Мухамед во водечките дански весници.
Карикатурата на пророкот Мухамед со бомба на главата наместо турбан беше една од 12-те објавени карикатури, кои предизвикаа жестоки реакции и протести на муслиманите ширум светот во 2006 година.
Весниците, ги објавија спорните карикатури по смртните закани за нивниот автор Курт Вестергард, нагласувајќи дека ќе ја бранат слободата на изразување. /крај/хи/м
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);