Uncategorized
Парламентарни избори во Пакистан, убиени пет лица
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/daf97386-edb7-4b71-9e88-81afac7e0713.jpeg)
Над 80 милиони Пакистанци денеска во 64 илјади избирачки места гласаат за парламентарниот состав на државата.
Над 80 милиони Пакистанци денеска во 64 илјади избирачки места гласаат за парламентарниот состав на државата.
Изутрината, пред отворањето на избирачките единици, убиени се пет лица во градот Лахор, во покраината Пенџаб.
Меѓу убиените е и кандидатот за место во покраинскиот парламент Асиф Ашраф, кој беше кандидат од партијата на поранешниот премиер и опозициски лидер Наваз Шариф. Тој и неговите соработници биле убиени во оган отворен врз автомобилот со кој што патувале.
Пакистан е единствена муслиманска нуклеарна сила, која буди загриженост, како во регионот, така и во светот, затоа што месеци наназад се наоѓа во политичка криза, проследена со најтешките терористички напади во својата историја.
Десетици илјади војници ги обезбедуваат биралиштата, а изборите ги следат илјадници меѓународни посматрачи и новинари.
Изборите, главно ќе ја одредат судбината на претседателот Первез Мушараф, чија што популарност почна да опаѓа кога пред една година смени судиja од Врховниот суд поради злоупотреба на должноста. Оттогаш Пакистан почна да навлегува во длабока политичка криза.
Кон крајот на декември, минатата година, лидерот на опозицијата и поранешен премиер на Пакистан, Беназир Буто беше убиена, и тоа за време на предизборен митинг. Поради нејзиното убиство Мушараф, ги одложи изборите за 18. февруари.
/крај/хи/ам
Copyright 200
8
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);