Uncategorized
Венецуелците гласаат на референдум за уставните реформи
Венецуелците денеска гласаат на референдумот за уставните реформипредложени од претседателот Хуго Чавез.
Венецуелците денеска гласаат на референдумот за уставните реформипредложени од претседателот Хуго Чавез.
Речиси 16 милиониизбирачи треба да ги поддржат или да ги отфрлат предлозите, со кои што ќе му седозволи на Чавез да има неограничен мандат и да создаде „социјалистичкадржава“.
Доколку граѓаните гиподдржат реформите, Чавез ќе се стекне со правото и да ги цензурира медиумитево случај на криза.
Поранешната сопруга на Чавез,Мирисабел Родригес се приклучи кон акциите на опозицијата во државата.
Ова денеска го објавивесникот „Сандеј Тајмс“, каде се наведува дека Родригес не може да поддржитолкава концентрација на власт во негови раце.
Родригес, неодамна воинтервју за венецуелскиот печат го обвини поранешниот сопруг дека се обидува даго хипнотизира народот.
„Не можам да го поддржамтој стремеж кон вечно раководење со власта“, изјавила Родригес во интервјуто.
Таа му стана сопруга наЧавез во 1998 година , а се раздели од него по четири години. Имаат деветгодишнаќерка.
Претседателот претходно18 години беше во брак со Нанси Колменарес со која што има две ќерки и еденсин.
/крај/бгнес/ам
Copyright 2007
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.