Uncategorized
Хусеин бара обединување против Американците
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, на своето погубување гледа како на жртва за Ирак и побара од Ирачаните да се обединат во борбата против американските сили.
Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, на своето погубување гледа како на жртва за Ирак и побара од Ирачаните да се обединат во борбата против американските сили.
„Се нудам себе си како жртва. Доколку семоќниот Бог сака, ќе ме одведе онаму каде што тој ќе нареди, со цел да бидам заедно со мачениците“, напишал Садам Хусеин во писмото што денеска го објавуваат светските медиуми.
Посакувајќи долг век на џихадот и муџахедините, поранешниот ирачки претседател бара од својот народ, „со единство да се спротивстави на ропството“.
Хусеин неодамна беше осуден на смртна казна поради злосторства врз човештвото, а вчера казната ја потврди и второстепен суд.
Смртната казна со бесење треба да биде спроведена во рок од 30 дена.
/крај/хн/мс/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.