Uncategorized
Доделени наградите на Македонски духовни конаци
Писателот Ристо Лазаров е годинашниот добитник на наградата „Велја кутија“, додека академик Божин Павловски и проф. Јуми Накаџима од Јапонија се добитници на наградта „Духовен воин“
Познатиот македонски писател Ристо Лазаров е годинешен добитник на наградата „Велја Кутија”, која ја доделува Асоцијацијата Македонски духовни конаци, за „Избрани дела”, издание на издаваштвото Дијалог.Во образложението за наградата се вели дека „Избрани дела” на Лазаров имаат конзистентен систем на естетички и онтолошки идеи, кои претставуваат висока вредност и афирмација на македонската литература, култура и духовност.Наградата “Велја Кутија” на Лазаров ќе му биде врачена на Меѓународната манифестација Македонски духовни конаци, која традиционално се одржува во месец август, во храмот “Свети Ѓорѓија“ во Струга.Управниот одбор на Меѓународната асоцијација Македонски духовни конаци ги додели и наградите „Духовен воин“ за 2010 г. за личности од земјава и странство – воини за македонската кауза на академик Божин Павловски за неговите континуирани заложби за македонската кауза, изразени преку неговиот издавачки и творечки опус,што претставува импресивен ангажман во македонското јазично подрачје и незаобиколен пат во животот на книгата, како и препознатлив знак на нашата културна средина во земјата и странство. Преку оваа негова дејност, тој станува самопрегорен воин за македонскиот идентитет.Наградата Духовен Воин му е доделена и на проф. Јуми Накаџима од Универзитетот во Токио, Јапонија, за нејзината посветеност и исклучителни резултати за афирмацијата и достоинството на македонскиот јазик во Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

