Uncategorized
Осумте нови членки на ЕУ со подобрена економија
Приемот на осумте некогашни социјалистички држави во Европската унија (ЕУ) пред три години се покажа како економски успех бидејќи јасно ги забрзува економските и стопански процеси во ЕУ.
Приемот на осумте некогашни социјалистички држави во Европската унија (ЕУ) пред три години се покажа како економски успех бидејќи јасно ги забрзува економските и стопански процеси во ЕУ.
Ова се наведува во најновиот извештај на Институтот за меѓународна споредба на економијата со седиште во Виена.
Бруто-националниот производ (БНП), од приемот на овие држави во ЕУ во 2004, годишно пораснал за 5,3 проценти односно за 2,2 насто повеќе во однос на три години пред европското членство.
Споредбено со 15-те стари членки на ЕУ, БНП во 2001 година изнесувал 46,4 проценти, 2003 се зголемил на 48 насто, 2004 изнесувал 50,6, а во 2006 бил 54,4 насто.
Естонија, за шест години, го подобри економскиот развој за 19 проценти и така ја надмина Полска, Унгарија и Словачка.
Експертите од виенскиот Институт, оваа година, во десетте нови држави-членки на ЕУ пресметуваат стопански раст од 5,7 проценти.
Според прогнозата од Институтот, за 15 држави на ЕУ е предвиден економски раст за 2,7 проценти, а во 2008 година за 2,5 насто.
Во Бугарија, Романија и балтичките држави дури постои и ризик од преоптоварување на конјуктурата.
Кога станува збор за инвестициите, ефектот е уште поспектакуларен бидејќи директните странски инвестици по приемот на ЕУ биле поголеми за една треттина во однос на периодот меѓу 2001 и 2003 година.
Извозот, во новите држави-членки, исто така двојно се зголемил а со тоа и целокупниот трговски биланс.
Процентот на вработеност се зголемил поради раст на стопанскиот развој, а невработеноста во регионот паднала од 14,7 на 13 проценти.
Овој пад најмногу се почувствувал во проблематичните држави – Полска и Словачка.
Во некои држави, меѓутоа, овој вид на експанзија наидува на одредени ограничувања на работниот пазар.
Имено, во градежната индустрија во Полска недостасуваат 300 илјади работници.
Од друга страна, според проценките на Институтот, 800 илјади Полјаци живеат во странство.
Во старите држави на ЕУ, каде просечната стапка на вработеност изнесува 66 проценти, се уште постои потенцијал за натамошен пораст додека во новите држави под 60 проценти.
Единствено балтичките држави, Словенија и Чешка, имаат иста стапка на вработеност.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.