Uncategorized
Се планираат протести против посетата на Папата во Турција
Происламски ориентирана политичка партија во Турција планира во недела во Истанбул да собере над 100 илјади луѓе кои ќе протестираат против предвидената посета на папата Бенедикт XVI.
Происламски ориентирана политичка партија во Турција планира во недела, во Истанбул, да собере над 100 илјади лица кои ќе протестираат против најавената посета на Папата Бенедикт XVI.
Според соопштението упатено од партијата “Саадет“, демонстрантите ќе се соберат под паролата “Не дозволувајте му на Папата, неук и лажливец, да дојде во Турција“.
Муслиманите во Турција и во регионот ги разлути говорот на папата одржан во Германија во септември, во кој цитираше византиски владетел од 14.век кој рекол дека “Исламот е вера што се шири со меч“.
Папата изрази жалење поради тоа што некои делови од неговиот говор беа сфатени како навреда. Посетата на Папата Бенедикт XVI е најавена за 28 овој месец.
/крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.