Македонија
Започна распределбата на бесплатните учебници

Учебниците за петто одделение се отпечатени и започна нивната дистрибуција, објави денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров при делењето на комплети учебници за петтодделенците во скопското училиште „Дане Крапчев“
„Испечатени се над 210.000 учебници за 5-то одделение. Знаете дека овие книги се во рамки на делот на надлежностите на МОН, книги чии авторските права ги има само МОН и кои се печатат од страна на МОН,“ рече Министерот и додаде дека привршува и печатењето на книгите за осмо одделение кои за два до три дена би требало да бидат готови и да се започне со нивна дистрибуција.Министерот Никола Тодоров најави дека оваа година ќе бидат испечатени учебниците кои не беа испечатени лани, односно учебниците по музичко, физичко, ликовно и техничко образование.Тој извести дека учебниците од 1-во до 3-то одделение не ги печати министерството, но сепак најголем дел од тие книги се обезбедени и ќе бидат дистрибуирани на почетокот на наредната недела.„Засега од 20 учебници за 5-то одделение дистрибуирани се седум предмети, останатите три ќе бидат доставени наскоро,“ рече Тодоров.Наместо учебниците да се земаат од дистрибутивни центри, како што беше досега, оваа година тие ќе бидат доставувани до секое училиште.Проектот за бесплатни учебници започна минатата година и истиот чинеше околу една милијарда денари кои беа искористени за печатење на околу 4 милиони учебници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.