Uncategorized
Литвиненко веројатно бил затруен со радиоактивен талиум
Поранешниот руски агент Александар Литвиненко веројатно бил затруен со радиоактивен талиум.
Поранешниот руски агент Александар Литвиненко веројатно бил затруен со радиоактивен талиум.
Ова денеска го соопшти еден од лекарите кои се грижат за него во лондонската болница „University college hospital“.
„Можно е да се работи за радиоактивен талиум“, изјави докторот Џон Хенри, но предупреди дека постои можност точната причина за предизвикување на состојбата на Литваненко никогаш да не биде дознаена.
„Доколку станува збор за радиоактивен талиум, кој што е со краткотрајно дејство, трагите може веќе исчезнале од телото на Литвиненко“, изјави Хенри.
Според британските медиуми, Литвиненко е затруен пред 10 дена во јапонски ресторан во Лондон.Тој се обидувал да докаже дека неговите поранешни колеги од Федералната служба за безбедност се замешани во убиството на руската новинарка Ана Политковскаја, која беше убиена пред својот стан во Москва минатиот месец.
По ручекот во ресторанот со италијанскиот трговец со информации, познат под името Марио, Литвиненко сам се пријавил во болница, каде било констатирано сериозно нарушување на здравјето, но и стабилна состојба. /крај/бг/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.