Европа
Имигрантите упаднаа во француското пристаниште Кале, се качија на британски траект
Околу 200 имигранти успеале да продрат на територијата на пристаништето во Кале, во северна Франција, по завршувањето на митингот за поддршка на имигрантите кои живеат во блиската импровизирана населба, а педесетина од нив успеале да се качат на предната палуба на британски траект, соопштија локалните власти.
„Протестите во Кале собраа околу 2.000 луѓе и на крајот од нив околу 200 луѓе влегоа во пристаништето, а околу 50 од нив се качија на траектот ‘Spirit of Britain’, на надворешната палуба“, изјави заменикот на префектот на Кале, Дени Годен за Reuters. Додал дека некои имигранти одлучиле доброволно да се симнат од траектот, додека останатите ќе ги отстрани полицијата, ако треба и со сила.
Траектот „Spirit of Britain“ сообраќа преку каналот Ламанш. Претставник на компанијата „P&O Ferries“, во чијашто сопственост е бродот, изјавил дека пристаништето во саботата ноќта и натаму е затворено. Според него, имигрантите не успеале да се пробијат во внатрешноста, бидејќи екипажот ги затворил сите врати со што им го оневозможил пристапот на главната палуба.
„Близината на населбата со невиден број имигранти прави невозможно да се осигури безбедноста на пристаништето, и покрај финансиската помош од државата“, изјавил за AFP директорот на пристаништето Марк Пуасесо додавајќи дека бегалскиот камп мора да биде дислоциран.
Илјадници имигранти кои бегаат пред судирите и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток, а најмногу ги има од Судан, Сомалија и Еритреја, од минатата година се собраат во големата дива населба крај Кале наречена „џунгла“, користејќи ја како одморалиште пред да се обидат илегално да стигнат до Велика Британија во надеж дека ќе најдат подобар живот.
Имигрантите се групирани околу влезот на Еврптунелот кој го поврзува европскиот континент со Британија и често предизвикуваат негово затворање, обидувајќи се да се прошверцуваат преку него, а во минатото беа забележани и десетина смртни случаи во обидите на очајниците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

