Спорт
Германците десеткувани на СП

Германскиот селектор на располагање имаше 24 од 27 играчи кои ги повика на последните тестирања, што значи дека од списокот на 23-цата играчи кои ќе одат на првенството отпадна само еден фудбалер
Повредата на 26-годишниот германски репрезентативец од Шалке 04 Хеико Вестерман беше последниoт малер во низата неволји за селекторот Јоаким Лев. Заради повреди од Светското првенство отпаднаа капитенот Михаел Балак, голманот Рене Адлер, Симон Ралфс, како и Кристијан Траеш, а на болки се жалеше и бекот на ХСВ, Марсел Јансен. Сепак, по последниот тренинг Лев го отпиша одбранбениот играч Анредас Бек.Така германската експедиција во Јужна Африка ќе ја сочинуваат голманите Мануел Ноер од Шалке 04, Тим Виесе од Вердер и Ханс-Jерг Бут од Баерн кој најверојатно ќе биде и првиот голман на репрезентацијата. Во oдбраната ќе конкурираат Марсел Јансен, Денис Аого и Џером Боатенг од Хамбургер СВ, Филип Лам и Холгер Бадштубер од Баерн, Арне Фридрих од Херта, Пер Мертешакер од Вердер и Сердар Ташчи од Штудгард. Во средниот ред се Сами Кеидра од Штудгард, Тони Корс од Бајер, Марко Мартин од Вердер, Месит Озил од Вердер, Баштијан Шванштајгер од Баерн и Пјотр Трочовски од Хамбургер СВ. Во нападот се Какау од Штудгард, Марио Гомеш од Баерн, Стефан Кислинг од Бајер, Мирослав Клосе и Томас Милер од Баерн и Лукас Подолски од Келн. Германија е во групата Д со Србија, Гана и Австралија.Како и Англија и Северна Кореја, со отпаѓањето на Михаил Балак од англиски Челзи и германската репрезентација се потпира на „кадар“ кој игра само во домашното првенство. По Бразил со пет и Италија со четири светски титули, Германија е третата на вечната листа најуспешни фудбалски репрезентации на светот. Тие имаат освоено три титули а уште четири пати биле поразени во големите финалиња на мундијалите. Германија не настапила само на две Светски првенства, на првото во Уругвај во 1930 г. и во Бразил 1950.Германците исто така имаат три златни медали од Европските фудбалски првенства, а не играле само на едно во 1968 г. во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.