Uncategorized
Политички институции не треба да основаат новински агенции
Политички институции не треба да формираат новински агенции, оцени претседателот на европската секција на Меѓународната федерација на новинарите Марк Грубер, по повод идејата за основање новинска агенција на Европската унија (ЕУ).
Политички институции не треба да формираат новински агенции, оцени претседателот на европската секција на Меѓународната федерација на новинарите Марк Грубер, по повод идејата за основање новинска агенција на Европската унија (ЕУ).
Ова го објави весникот „ЕУ Обзервер“ (www.euobserver.com), повикувајќи се на одлуката на новинарите и новинарските организации да ја отфрлат идејата за формирање заедничка новинска агенција на ЕУ или Kодекс на однесување на медиумите.
Според потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Маргот Валстром, на која и се препишува таквата идеја, овие предлози се извлечени од нејзината иницијатива за нова европска комуникација и се „лошо интерпретирани“.
Валстром, овој предлог, го претстави пред два дена, со цел, како што изјави, да се воспостави нова заедничка европска политика на планот на комуникациите за да се “зајакне јавната дебата во Европа“.
Таа предложи сегашниот аудиовизуелен сервис на ЕК, “Европа преку сателит“ (ЕБС) да биде подобрен и да работи со повеќе персонал, поголем буџет и поголема уредувачка независност.
Грубер, од друга страна, изјави дека му е „драго“ што таква сугестија не влегла во предлог.
“Потребно ни е повеќе професионализам во медиумските содржини што ги прави Комисијата, но не и “спинирање“ и би било тешко да не се прејде линијата и да не се манипулира“, оцени Грубер.
Предлогот доаѓа по серијата потези на Европската комисија (ЕК) чија цел е приближување кон граѓаните, како што е “план Д за демократија, дијалог и дебата“.
Овие активности се во врска со напорите на Комисијата да се преброди јазот меѓу институциите на ЕУ и граѓаните на 25-члениот блок, што влијаеше врз отфрлување на европскиот устав во Холандија и Франција, во изминатата пролет, пишува “ЕУ Обзервер“.
/Крај/бе/ис/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.