Uncategorized
Иран и Русија би можеле да формираат картел за гас

Иран и Русија би можеле да формираат картел за гас, слично на организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, изјави иранскиот духовен лидер Али Хамнеи
Иран и Русија би можеле да формираат картел за гас, слично на организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, изјави иранскиот духовен лидер Али Хамнеи
Двете земји располагаат со најголемите светски резерви на природен гас и доколку се здружат, би можеле да ја диктираат светска цена на овој енергенс.
„Иран и Русија можат да создадат организација која би соработувала во областа на природниот гас и би имала структура слична на ОПЕК, бидејќи половината од светските резерви се наоѓаат во Русија и Иран“, изјави Хамнеи за државната телевизија, по разговорите што ги имаше со претседателот на Советот за национална безбедност на Русија Игор Иванов.
Европскат унија минатата недела изрази загриженост во врска со најавите дека Русија и Алжир би можеле да направат картел за гас.
Русија ја снабдува Европската унија со околу една четвртина од нејзините годишни потреби за природен гас, а големи колични доаѓаат во ЕУ и од Алжир.
Еврокомесарот за енергетика Андрис Пибалгс по тој повод ги повика Русија и Алжир да ги објаснат своите планови.
/крај/фонет/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Изданието на Ана Ивановиќ ги воодушеви обожавателите: „Дали е можно да изгледаш вака, божица“

Прославената тенисерка Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува сите свои следбеници на социјалните мрежи.
По бројните обвинувања за можен развод од Бастијан Швајнштајгер, убавата Србинка не даде никакви јавни изјави, но секако испрати моќна порака со својот изглед.
Таа неодамна објави фотографии во свечен фустан со истакнатo деколте, па секундите беа доволни за да ги „урне“ социјалните мрежи, а сега отиде чекор понатаму.
Убавата тенисерка присуствуваше на прослава по повод роденденот на познат бренд, а за таа пригода избра долг сив фустан со сребрен ланец кој го истакнуваше нејзиниот струк.
Нејзината креација немаше прерамки, но имаше уникатна јака во стилот на некогаш популарните „чокери“, што дополнително го нагласуваше целиот луксуз.
Сребрена чанта и впечатлив накит, часовник „Ролекс“ вреден 349.000 евра, надополнија сè, а овој пат Ана носеше црвен кармин кој совршено ѝ стоеше.
„Нереално“, „Совршено“, „Прекрасна си“, „Дали е можно да изгледаш вака“, „Божица“, беа некои од коментарите.
Uncategorized
Предлог-закон за формирање инспекторат за грбот, знамето и за химната

На денешната собраниска прес-конференција портпаролот и пратеник на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, го најави законот за инспекторат за државни инсигнии, со кој, како што рече, се гарантира почитувањето на грбот, знамето и на химната на Република Македонија, како и на симболите на етничките заедници.
„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои и Закон за знамињата на заедниците и тој закон пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија“, рече Мециновиќ на собраниската прес-конференција.
Како главен мотив за донесување на овој закон од партијата ги наведуваат честото непочитување на државните инсигнии и провокациите што предизвикуваат меѓуетничка нетрпеливост и тензии, а државата останува со врзани раце, без можност да изрече казна за непочитување на постојните закони или сквернавање на државните инсигнии.
Од партијата соопштија дека со овој предлог-закон инспекторатот за инсигнии ќе биде сместен во рамките на Министерството за правда, а ќе има право да врши надзор како на институциите така и на правните и на физички лица.
Uncategorized
Борејќи се за Русите загина син на заменик-директорка на ЦИА

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја потврди смртта на 21-годишниот Мајкл Глос, син на заменик-директорката на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, објави „NBC News“.
Според медиумските извештаи, Глос се приклучил на руската армија и бил убиен за време на борбените операции во Украина.
„ЦИА ја смета смртта на Мајкл за приватна семејна работа на семејството Глос, а не за прашање од национална безбедност“, рече портпаролот.
Порталот „Important Stories“ беше првиот што објави за смртта на Глос, повикувајќи се на руски извори и профилите на починатиот на социјалните мрежи. На својата страница на ВКонтакте, Глос објави фотографии од Црвениот плоштад и изрази сочувство кон руската војска, нарекувајќи ја украинската армија „корумпирана“, а западните медиуми „пропаганда“.
ЦИА официјално ја потврди смртта, но не прецизираше на чија страна синот на функционерката учествувал во борбите. Во соопштението за медиумите се наведува дека семејството доживеало голема лична трагедија и побарало да се почитува нивната приватност.
„Патување во Источна Европа“
Во официјалниот некролог, семејството навело дека Мајкл починал „додека патувал во Источна Европа“, без да ја спомене Русија или војната во Украина.
Според достапните информации, Мајкл Глос е син на Џулијан Галина Глос, заменик-директорка на ЦИА за дигитални иновации, и Лари Глос, ветеран од војната во Ирак кој работи на развој на софтвер за американската војска и НАТО.
Медиумите известуваат дека Мајкл бил пацифист, протестирал против забраната за абортус и се залагал за заштита на климата. Пред да дојде во Русија во 2023 година, тој патувал низ Европа и на социјалните мрежи се опишувал како антифашист, еколошки активист и борец за правата на жените. Тој објавуваше теории на заговор за Украина и веруваше дека НАТО е основано од нацистите.