Uncategorized
Израелски доктор проучуваат експерименти со екстази за лечење на воените тр
Израелските доктори ја проучуваат можноста за влијанието на „рекреативната“дрога екстази при лечењето на воени трауми, пренесуваат израелските медиуми.
Израелските доктори ја проучуваат можноста за влијанието на „рекреативната“дрога екстази при лечењето на воени трауми, пренесуваат израелските медиуми.
Група доктори од психијатриската клиника во близина на Тел Авив се уверенидека оваа синтетичка дрога би можела да користи како терапевтско средство.
Конзумирањето на дрогата, според докторите би можело да има смирувачкиефекти над пациентите кој би ги надминале и совладале траумите од војната.
Доколку експерименталното лечење со екстази се покаже добро, израелскитедоктори би можеле да развијат нови методи за надминување на траумите.
Воени трауми имаат голем број израелски војници кои учествувале во војнатапротив либански Хезболах во август 2006 година.
Крај/хн/мс
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земјата.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.