Македонија
ЗНМ бара истрага за спречувањето на грчки новинар да влезе во Македонија

ЗНМ бара од надлежните државни институиции да го истражат случајот со грчкиот новинар, кој бил спречен да влезе во Македонија
Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) бара од надлежните државни институиции да го истражат случајот со грчкиот новинар, кој бил спречен да влезе во Македонија.
Според ЗНМ, станува збор за новинарот на “Елефтерос Типос” Агелос Агелидес кој работи и за Радио станицата “Сити 99,5” кој тврди дека бил запрен на Македонско грчката граница на 4 март 2009 година, со образложение дека нема акредитација за известување од Македонија.
Здружението на новинарите на Македонија смета дека Македонските институции не треба да користат методи кои се спротивни на европските стандарди и во тој контекст бараме да се отстранат сите административни пречки за известување на новинари и сниматели од земјата и странство, особено ако истите потекнуваат од закон кој е донесен во 1979 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници“, велат од СДСМ

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба“, велат од СДСМ.
„Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.
Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, соопшти СДСМ.
Македонија
Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).
Македонија
СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“

„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, велат од СДСМ и најавуваат прес-конференција на портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, од 10.30 часот денеска.