Спорт
Мурињо поразен по 9 години, Реал го губи здивот
По цели девет години португалскиот стратег Жозе Мурињо доживеа првенствен пораз на домашен терен, и тоа на клупата на скапиот мадридски Реал
Без разлика дали мундијалскиот хит „Вака, вака“ на Шакира заради нејзината врска со Жерар Пике од лутиот ривал Барселона и натаму ќе се пее на централниот стадион Мадрид, сигурно е дека во саботата навечер на „Сантјаго Бернабеа“ никому не му беше до песна. Тринаесеттиот тим на табелата од шпанската Примера дивизион Спортинг Хихон направи голем херојски подвиг совладувајќи го кралскиот клуб на неговото буниште, што многу ретко им успева и на многу поголеми фудбалски имиња. Тоа беше меч од отворањето на 30-то коло од шпанскиот фудбалски шампионат во кој Реал настапи без Кристијано Роналдо и Карим Бензема, но со повратникот во нападот Аргнетинецот Гонзало Игуаин кој во игра влезе во 56. минута од мечот, откако четири месеци паузираше заради операција. Навивачите очекуваа лесна победа и очекување на исходот од гостувањето на Барселона кај четвртиот на табелата Виљареал, и со овации го поздравија појавувањето на трибините на бразилскиот ас Роналдо. Меѓутоа, помалиот баскиски клуб играше храбро и пожртвувано пред сѐ, а во 79. минута по акцијата на Начо Касес, Де лас Куевас го совлада најдобриот шпански и еден од најдобрите голамни во светот Икер Касиљас. Но треаб да се потсети дека Спортинг и во првиот дел од првенството го намачи Реал на домашен терен, кога „кралевите“ забележаа минимална победа од 1:0, а минимално беа поразени од Барселона на „Камп Ноу“ со 1:0 додека протви каталонците дома одиграа 1:1, со што ова првенство се претставија како специјалисти за измачување на гигантите.Беспреедметно е да се каже дека Реал против Спортинг имаше далеку повеќе од играта и дека шансите за постигнување гол не се добројуваат, но одбраната на астуријците правеше чуда, но и домашните фудбалери немаа свој ден. Исто така, домашните можеби имаат и причина да бидат незадоволни и од одлуката на судијата да не суди пенал откако топката погоди во раката еден играч од одбраната на гостите. Како и да е, Барселона сега со успех на гостувањето против незгодниот Виљареал, се чини, може да стави крај на незивесноста во шпанското првенство и пред одигрувањето на „Ел Класико“ на теренот на Реал Мадрид.Секако овој пораз предизвика и горчина кај Жозе Мурињо кој кон крајот на февруари заокружи девет години без пораз на домашен терен и серија од 125 домашни победи и 25 ремија. Последен пат Мурињо загубил меч пред своите навивачи на 23-ти февруари 2002 г. Во португалското првенство водејќи го шампионот Порто кој дома беше совладан од малата Беира Мар. Исто така и годинава Мурињо до овој меч имаше импозантен скор со Реал на домашен терен забележувајќи 14 победи во шпанското првенство, четири во Копа дел Реи и четири во Лигата на шампионите без ниедно реми. Во вториот вчерашен меч, Валенсија со 4:2 го совлада Хетафе на неговиот стадион. И овој меч ќе влезе во аналите на шпанскиот врвен фудбал, бидејќи сите четири погодоци за гостите ги постигна Роберто Солдадо во 44., 64., 66. и во 77. Минута. Хетафе инаку прв поведе во 13. минута преку Ману и Адриан Сардинеро во 88. минута го ублажи поразот. Валенсија е моментално сама на третата позиција со три бодови повеќе од Виљареал, додека Хетафе е на 14-то место со 34 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

