Uncategorized
Американските сојузници се повлекуваат од Ирак
Повеќе американски сојузници во Ирак, деновиве, најавија намалување на бројот на војници или целосно повлекување на трупите во 2007 година, јавија светските агенции.
Повеќе американски сојузници во Ирак, деновиве, најавија намалување на бројот на војници или целосно повлекување на трупите во 2007 година, јавија светските агенции.
Велика Британија, еден од најважните американски сојузници, синоќа објави дека до крајот на 2007 година, бројот на војници распоредени во Ирак, од 7.100 ќе го намали за неколку илјади.
Полска, под чија команда е мултинационална дивизија од две илјади лица во јужен Ирак, објави дека до крајот на наредната година, ќе ги повлече своите 800 војници.
Што се однесува до Италија, чиј контингент брои три илјади војници, исто така најави целосно повлекување на преостанатите 60 до 70 италијански војници во Ирак.
“Од одлуките на Велика Британија, Полска и Италија може да се заклучи дека состојбата е безнадежна“, оцени директорот на Институтот Лексингтон Лорен Томпсон.
Според него, многу се ретки случаите кога државите се повлекуваат од победнички кампањи. “Вообичаено е да се повлекуваме кога сме соочени со пораз, било воен било стратешки“, додава Томпсон.
/Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.