Uncategorized
Уапсени 90 мафијаши во Италија и САД
Италијанската иамериканската полиција денеска уапси 90 мафијаши во најголемата операција одвремето на акцијата “Pizza Connection“, јавуваат агенциите.
Италијанската иамериканската полиција денеска уапси 90 мафијаши во најголемата операција одвремето на акцијата “Pizza Connection“, јавуваат агенциите.
Операцијатанаречена “Old bridge” на ФБИи италијанските полицајци ги приведе членовите на семејствата Inzerillo,Gambino и Di Maggio кои по двегодишна истрага завршија возатворите во Палермо и Њујорк.
Уапсените сенаследници на некогашните шефови на Коза Ностра, а операцијата е спроведена вопредградијата на Палермо и квартови во Њујорк.
Еден од нив е иФранческо Паоло Аугусто Кали, познат во Бруклин како Френк или Френки Бој, којбеше некој вид на координатор на работите меѓу американската Коза Ностра имафијашките семејства во Палермо.
Според најавите,ова е само прва операција во серијата што ќе уследи во противмафијашката борбаво Италија и САД.
/крај/хи/ис
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, бездоговор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Четворица штипјани приредувале игри на среќа без лиценца
Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.
Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.
Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на “Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената.
Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на “Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.
Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош.
Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.