Uncategorized
Вашингтон за прв пат обвини ирански разузнувачи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/3c08b7d1-37ff-43ca-9b61-6bd4849b5ecf-1.jpeg)
Американските
воени власти, денеска, за прв пат јавно ги обвинија иранските разузнувачи дека
ги поддржуваат екстремистичките сунитски групи во Ирак, а не само шиитските
активисти.
Американските
воени власти, денеска, за прв пат јавно ги обвинија иранските разузнувачи дека
ги поддржуваат екстремистичките сунитски групи во Ирак, а не само шиитските
активисти.
“Сега располагаме
со информации според кои иранските разузнувачи ги поддржуваат сунитските
екстремистички групации“, изјави генералот Вилијам Калдвел, американски воен
портпарол во Багдад.
Тој ги обвини
иранските разузнувачки служби дека ги обучуваат ирачките оружени групи, не
наведувајќи кои.
Американските
воени власти, исто така, покажаа големи залихи на експлозив од иранско
производство, пронајдени во автомобил во Багдад.
Вашингтон редовно
го обвинува Иран дека ја поддржува и финансира шиитската полиција во рамки на
судирот меѓу шиитите и сунитите во Ирак, кога загинаа повеќе десетици лица од
американската инвазија пред четири години, а сега за прв пат го обвини Техеран
дека ги помага на сунитите.
/крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/417400123_1017893746366028_3755524781773534094_n.jpg)
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gashi-silvestri2.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/црква.jpg)
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.