Uncategorized
Награда „Златен прстен“ за Ферид Мухиќ
Меѓународната награда „Златен прстен“ која ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за култура и наука „Македонија презент“ за книжевен опус му е доделена на проф. д-р Ферид Мухиќ
Жирито во состав Александар Прокопиев, Виктор Шеќеровски и Христо Петрески за лауреат на меѓународната награда „Златен прстен“ го прогласи Мухиќ кој е редовен професор по филозофија на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Почесен професор e на: ISTAC, Куала Лумпур; Државниот универзитет на Флорида; Универзитетот Сиракуза, Њујорк; Сорбона 8, Париз и неколку универзитети во Југоисточна Европа. Главни професионални преокупации: нововековна филозофија, современа филозофија, современи филозофски правци, филозофија на постмодернизмот, културна антропологија, естетика, филозофија на политиката.Книги: „Методи на критиката“, 1977, Мисла; „Револуции и класни борби“, 1978, Култура; „Филозофија на иконоклазмот“, 1983, Босна и Херцеговина; „Мотивација и медитација“, 1988, Македонска книга; „Штит од злато“, 1988; девет изданија до сега, преведени на македонски, англиски, француски, албански и турски, првото издание публикувано од Просвета, Југославија; „Нуменологија на телото“, 1994, Табернакул; „Soul’s Rose“, 1994; „Јазикот на филозофијата“, 1995; „Македонија: Catena Mundi“, Табернакул, 1995; „Разум и моќ“, Битола, 1996; „Yugoslavia and After“, Longman, UK; „Големата градба и други разговори со непознатиот“, 2001, Блесок; „Logos and Hierarchy“, Скопје, 2001. Има објавено и три книги поезија: „Falco Peregrinus“, 1988; „Стотина чекори нагоре“, 1994 и „Чадот од догорчето на сонот“, 1996; „Прамен волна“, 2001 избор колумни во издание на Блесок и други дела.Преведуван на: албански, англиски, арапски, германски, француски, италијански, малајски, турски, полски јазик. Застапен во филозофски и книжевни антологии во САД, Британија, Франција, Германија, Австрија, Малезија, Турција, Италија. За филозофските погледи на проф. д-р Ферид Мухиќ до сега се објавени две книги: „Филозофски портрет: сегменти од филозофскиот опус на Ферид Мухиќ“ (1997) и „Врвовите на филозофот – филозофијата на Ферид Мухиќ“ (2006).Инаку, традиционалната награда „Златен прстен“ се доделува по деветти пат, а досегашни добитници се: академик Милан Ѓурчинов, Петре Бакевски, д-р Фиона Сампсон, Владислав Бајац, Момо Капор, Светлана Христова – Јоциќ, Ева Рас и д-р Васил Тоциновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

