Uncategorized
Енформел во сликарството и скулптурата – изложба во МСУ
Во Музејот на современа уметност во Скопје утре, со почеток во 13 часот, ќе биде отворена изложбата „Енформел во сликарството“ – од 1959 до 1966 ( кратка историја на енформелното сликарство во Македонија) и „Енформел во скулптурата“ – од 1960 до 1970
Изложбата ќе ја отвори министерката за култура на Република Македонија, г-ѓа Елизабета Канческа – Милевска.На изложбата ќе бидат изложени 89 слики на 23 уметници и 60 скулптури од 6 автори: Драгутин Аврамовски – Гуте, Родољуб Анастасов, Драган Биков, Стефан Василевски, Иван Велков, Пецо Видимче, Јован Димовски, Петар Ѓорѓиев – Пљум, Александар Јанкуловски – Цане, Ристо Калчевски, Димитар Кондовски, Ѓорѓи Крстевски, Ристо Лозаноски, Петар Мазев, Љубодраг Маринковиќ – Пенкин, Благоја Папазовски, Димче Протуѓер, Александар Ристески, Томислав Сековски, Борислав Траиковски, Јосиф Трајковски, Глигор Чемерски, Томо Шијак и скулпторите Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Стефан Маневски, Борис Николоски, Димо Шумка и Борка Аврамова, кои на одреден начин влегуваат во контекстот на енформелот.Изложените дела се од збирките на Музејот на современата уметност – Скопје; Национална галерија на Македонија – Скопје; НУ Завод и Музеј – Штип; НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица; НУ Завод и Музеј – Охрид ; НУ Завод и Музеј – Битола; Собрание на град Скопје; Клуб на пратениците – Скопје; Културно-информативен центар – Скопје; Сојуз на Синдикатите на Македонија – Скопје, како и дела позајмени од приватни лица и од уметниците.Напуштањето и деструкцијата на фигурата во сликарството во Македонија започна во доцните 50- ти години на минатиот век. Овој процесс беше следен и со напорот да се напушти дводимензионалноста, плошноста на сликата и таа да се доближи до нејзината вистинска, реална, физичка и материјална природа: развој што ќе има значајни консеквенци во историјата на македонската уметност. Некои уметници – од Родољуб Анастасов, Александар Јанкуловски, Петар Мазев до Ристо Калчевски, Димитар Кондовски, Томо Шијак го доведоа до прашање не само светот на репрезентацијата туку и смислата, значењето на самата слика – масло на платно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

