Uncategorized
Сиромашни 37 милиони Американци
Бројот на сиромашните во САД достигнал 37 милиони во 2005 година и по четири последователни години на покачување, бројката се стабилизирала.
Бројот на сиромашните во САД достигнал 37 милиони во 2005 година и по четири последователни години на покачување, бројката се стабилизирала.
Ова го соопшти статистичката служба на САД. Околу 12.6% од американското население нема доволно пари, за да живее, односно има доходи под 9.973 долари по човек за година.
Средниот доход на едно американско семејство за година е 46.326 долари. Нивото на сиромаштијата продолжува да е повисоко меѓу претставниците на афроамериканското население (24.9% – 9.2 милиони). По нив следат хиспаноамериканците (21.9%).
Истовремено сиромаштијата се зголемила за 11.1% и меѓу луѓето од азиско потекло и сега тие се 1.4 милиони лица. Но ако сиромаштијата се стабилизирала, жителите на САД, кои немаат здравствено осигурување станале повеќе. Лани тие биле 46.6 милиони, што е 15.9% од целото население. За споредба во 2004 г. тие биле 45.3 милиони./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.