Контакт

Uncategorized

Изложба на Зоран Арсовски во Струмица

Објавено пред

Во Изложбениот салон на Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица в петок (19.30) ќе биде отворена самостојна изложба на кумановскиот академски уметник Зоран Арсовски

dobivaj vesti na viber

Конципирајќи ја својата прва самостојна изложба како збирка од дела коишто говорат со еден сликарски полилингвизам, притоа демонстрирајќи ги своите креативни можности и широки техничко-изведбени познавања, Зоран Арсовски на почетокот на својата уметничка кариера прави обид за исчекор со еден пристап кој е невообичаен за младите уметници. Храброста на авторот своето актуелно творештво  да го презентира во неколку целини кои меѓу себе навидум не се поврзани може да се разбере како желба за што поцелосна презентација но и како естетска провокација која треба да предизвика полемика. Токму таа интеракција на релацијата уметник-дело-консумент е основната идеја на Арсовски, почетна точка во неговото творештво и завршна одредница во неговата реализација. Во претставената ликовна продукција не постои дело кое не раскажува некоја приказна или промовира некоја идеја од секојдневниот живот, мисловното е секогаш пред насликаното и последoвателно и перманентно се материјализира во сликарските артефакти на Зоран Арсовски. Тие и покрај различните ликовно-стилски јазици  говорат за една идеја – обидот на авторот да партиципира во визуелното разбирање на светот. Во неговото сликарство нема непотребни детали, декоративни елементи и нефункционални површини, фокусот е ставен на максимално искористување на површината на сликарското платно со елементи кои директно треба да ја потенцираат основната идеја на авторот. Вообичаено е потенцирањето на неколку елементи во кои носечка фигура е човекот претставен реално (во фигуралната целина) или во експресионистичко-асоцијативен манир (во сликите во кои внесува несликарски материјали ), како и креирање на атмосфера со помош на колоритот (во апстрактно-експресивните целини). Кога сме кај фигуралниот пристап кај Зоран Арсовски треба да ја истакнеме неговата способност за филмска нарација каде што успева со мал број елементи да раскаже цела сторија (Бегство, Авантуристички доживувања, Заедно, Краток одговор, Предозираност …), да го глорифицира женското тело без идеализирање (Јуле, Индивидуален простор, Наде), да направи визуелна психоанализа (Меланхолија во населбата, Инспиративниот агол…) и притоа да остане доследен на академските норми во кои ги акцентира: цртежот, светлото и волуменот. Втората поголема целина (Логор, Централа, Набљудувач…) која се истакнува со посебност се делата работени како симбиоза на сликарство и несликарски материјали, изведени со еден енформелски пристап во кој авторот првенствено е фокусиран на концептот (третата димензија на сликата, вметнување на отфрлени елементи и нивна редефиниција, антиестетика како говор на предупредување и будење на свеста, внесување на реалните предмети во имагинарниот свет на уметноста, претворање на предмет во идеја…). Користејќи метални жици, ткаенина, камен, песок, шајки и клучеви, поставени на сликарското платно на кое подоцна интервенира со боја, авторот прави спој на реалноста и имагинацијата и добива еден нов микроуниверзум. Како визуелно атрактивни дела се истакнуваат делата (Записи 1 и 2) работени со силикатни материјали, техника со која Зоран Арсовски експериментира. Да ги споменеме и двете слики работени во асоцијативно-експресионистички манир (Предел и Порта) во кои доминира силниот потез и експресивниот колорит разбрани како потреба на авторот за движење во неограничен простор. Сепак, можеби највпечатливо со својата драматика е делото “Почеток и крај“ пред се поради извонредниот баланс на формата (сликарското и материјалот во фантастична корелација, ) и содржината ( можноста од уништување на светот од метеорски дожд како апел до човештвото за планирање на иднината на планетата). Изложбата е дел од ликовната програма на НУ Центар за култура – Куманово, и е финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Досега  беше претставена во Куманово, Охрид,  Гевгелија и Прилеп.Зоран Арсовски е роден 1980 г. во Куманово. Дипломирал на Националната ликовна академија во Софија во 2005. Магистрирал 2007 на истата академија во класата на проф. Божидар Бојаџиев и проф. Станислав Памукчиев. Учествувал на повеќе меѓународни групни изложби и ликовни колонии во земјава и странство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната

Објавено пред

Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври –  Светскиот ден на храната.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.

ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Објавено пред

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.

dobivaj vesti na viber

„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.

Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.

Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Објавено пред

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.

Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.

Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 час

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион2 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет3 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија3 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет13 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија17 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија20 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија21 час

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија22 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија23 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија23 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија23 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија24 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...