Контакт

Uncategorized

Бон Џови е првиот амбасадор на новата програма на „Habitat for Humanity“

Објавено пред

Американската рок ѕвезда Џон Бон Џови е првиот амбасадор на новата амбасадорска програма на невладината организација „Habitat for Humanity“ со седиште во Америкус, Џорџија.

dobivaj vesti na viber

Американската рок ѕвезда Џон Бон Џови е првиот амбасадор на новата амбасадорска програма на невладината организација „Habitat for Humanity“ со седиште во Америкус, Џорџија.

Бон Џови, назначен е на амбасадорската функција на 24 октомври, годинава, со цел промоција на иницијативите на меѓународната непрофитна организација.

„Habitat for Humanity“, формирана 1976 година во САД, е организација посветена на елиминирањето на сиромашното домување од површината на земјината топка. Таа има изградено повеќе од 200.000 домови низ целиот свет. Во куќите на Хабитат, изградени во повеќе од 100 земји од над 2700 афилијации, живеат повеќе од еден милион луѓе кои самите учествувале во нивната изградба, се наведува во соопштението добиено од седиштето на организацијата во Македонија „Хабитат – Македонија“

Од 2005 година, Бон Џови заедно со „Habitat for Humanity“ работи на подигање на свеста, како и обезбедување на фондови за изградба на нови домови во Филаделфија. во што се вклучија и членовите на неговиот рагби тим „The Phuiladelphia Soul“.

„Предавањето на клучевите од куќите на фамилиите кои работеа на нивната изградба, ми претставува еден од најважните моменти во мојот живот. Сега, како амбасадор на „Habitat for Humanity“ , ја имам можноста да помогнам оваа работа да продолжи и да ги охрабрам другите да се вклучат во изградба на нивни заедници“, изјави Бон Џови.

Извршниот директор на организацијата формирана во САД, Џонатан Рехфор смета дека благодарение на оддаденоста и дарежливоста на Бон Џови „многу семејства сега имаат топол и безбеден дом“.

Меѓународната организација има свое седиште и во Македонија, наречено „Хабитат – Македонија“, чија што цел е обезбедување на едноставни, пристојни и достапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот

Објавено пред

Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.

dobivaj vesti na viber

За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку

Објавено пред

Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.

dobivaj vesti na viber

Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.

Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.

Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога

Објавено пред

Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.

dobivaj vesti na viber

Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.

Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.

„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.

На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.

„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.

Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.

Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.

„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија8 часа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ8 часа

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија9 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија11 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ12 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија13 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија13 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија14 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија14 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет15 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет15 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет16 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет16 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет16 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет16 часа

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија1 ден

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија1 ден

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...